ПОД ИСТРАГА: Протече видео на кое се гледа како израелските војници пуштаат крвожедни кучиња на дете!

Израелската војска го истражува видеото во кое се прикажани војници кои пуштиле крвожедни кучиња на едно палестинско момче.Видеото беше снимено во декември во Кармеи Цур на Западниот брег, но вниманието на јавноста го привлече откако на Фејсбук го објави ултранационалниот политичар Михаил Бен Ари, кој во описот напишал: „Војниците му одржаа лекција на малечкиот терорист“.
На снимката се гледа 16-годишниот Хамзех Абу Хашим како се тресе од шок, вреска и бара помош додека кучињата му ја гризат облеката. Израелските војници го држат, а еден се слуша како извикува „јофти“, што значи „добар“.
Според преводот на израелскиот весник „Хаарец“, војникот во позадина прашува: „Кој е кукавица?“
Таткото на нападнатото момче изјави дека неговиот син бил уапсен на 23 декември минатата година поради каменување и бил примен во болница поради каснување од куче пред да биде преместен во затвор, каде што се наоѓа во моментов.
„Неговата мајка и јас го погледнавме видеото и не можевме да поверуваме што гледаме. Мојата сопруга за малку ќе се онесвестеше. Не знам дали постои мајка или татко на овој свет кои би останале рамнодушни на оваа глетка“, изјави таткото.
Израелските одбранбени сили кои покренале интерна истрага, изјавија дека ќе се преземат конкретни чекори за да се спречат слични инциденти.
Од Израелската група на борци за човекови права „Б Тселем“, изјавија дека видеото е пример за изведба на стандардна воена пракса.
„Војниците ги пуштаат кучињата да ловат група цивили и тие ги притискаат со забите, така што ги оневозможуваат да избегаат и ги држат сѐ додека не дојдат војниците. Во неколку забележани случаи, кучињата одбиваат да го пуштат лицето и војниците се приморани да употребат електрошокер за да ги одделат. Исто така, војниците на шлемовите имаат камери и снименото видео им е достапно на заповедниците“, пренесоа медиумите.Видеото беше снимено во декември во Кармеи Цур на Западниот брег, но вниманието на јавноста го привлече откако на Фејсбук го објави ултранационални

Пронајдете не на следниве мрежи: