Сите ние, посебно кога ќе дојде убаво време и почесто се излегува надвор, го земаме првото празно пластично шише кое ќе ни дојде при рака и го полниме со вода. Меѓутоа, дали некогаш сте се запрашале колку е безбедна пластиката од која ја пиете водата? Откако ќе го прочитате овој текст, редовно ќе ги проверувате ознаките на амбалажата.Луѓето главно користат исто шише повеќе пати, не знаејќи дека тоа може да биде отровно. Меѓутоа, некои амбалажи се наменети само за еднократна употреба!
На дното од секоја пластична амбалажа се наоѓа триаголник со број во средината, а под него е ознаката која ни говори колку е опасна пластиката што ја држиме во раката. Доколку шишето е наменето за еднократна употреба, тогаш не би требало да го употребувате повеќе пати. Еве што означува секоја ознака:
ОВИЕ ШИШИЊА ПОД ИТНО ФРЛЕТЕ ГИ ВО КАНТАТА ЗА ОТПАДОЦИ ПО УПОТРЕБА
Поголемиот дел од шишињата за минерална и обична вода, газираните и негазираните пијалаци, имаат ознака РЕТ (често и РЕТЕ), како и бр. 1 во триаголникот. Важно е да знаете дека овие шишиња се наменети за еднократна употреба!
Постои можнст со секое ново полнење на шишето со вода, пластиката да почне да испушта антимон, хемиско соединение ЕРА кое ја попречува работата на хормоните. Таквите шишиња можеат да испуштаат и канцерогени материи.
ОВАА ПЛАСТИКА Е БЕЗБЕДНА
Ќе ја препознаете според ознаките HDP (или HDPE), LDPE и PP, или по броевите 2, 4 и 5. LDPE е вид пластика која за жал, не се употребува за изработка на шишиња, туку само за кесички наменети за пакување на намирници. HDP е добар избор, како и РР која главно се користи за чаши за јогурт и е со бела боја.
ОВАА АМБАЛАЖА ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЈА ВО ПОТПОЛНОСТ
Тоа е пластика со ознаки PVC (некогаш и 3V), РЅ и РС (често и без ознака), или според броевите во триаголникот: 3, 6 и 7.Луѓето главно користат исто шише повеќе пати, не знаејќи дека тоа може да биде отровно. Меѓутоа, некои амбалажи се наменети само за еднократна упот



