Ѝ подарил на сопругата пеколно добар подарок за Денот на мајките кој ќе ве доведе до солзи- од смеа!

„Да можам да го сторам тоа наместо тебе, би го сторил“. Повеќето трудници ја слушнале оваа реченица од својот сопруг, а се однесува на носењето на бебето и самиот чин на породувањето. Сепак, Пен Холдернес одлучил навистина да го стори тоа и како подарок за Денот на мајките на својата сопруга  и подарил- машко породување!Пен признава дека  во последните неколку години не обрнувал големо внимание  на Денот на мајките. Затоа ова година одлучил да подлегне на стимулирани породилни болки, за да ѝ покаже  дека навистина го цени  сето она низ што поминала таа.
Се било извршено во болница, каде експерти со помош на посебни апарати предизвикуваат болка со јачина на пордување, а тој го поднел тоа… Па и не баш машки.
За време на целиот процес на „породувањето“, поминал низ разни степени на болка, и сето време се однесувал токму како што се однесуваат жените на породилниот стол. Сопругата цело време стоела покрај него и го држела за рака, но не престанувајќи да се смее.
Кога поминал експериментот ѝ признал на сопругата дека сега ја разбира многу подобро.
„Некако цело време бев лут на тебе. А ти само си се обидувше  да ме поддржиш, но не разбираш низ што поминав. Ете, знаеш ли сега како е да бидеш маж и жената да ти се дере цело време?“, прашал Пен на шала.

 
Погледнете и обидете се да не се смеете.
Пен признава дека  во последните неколку години не обрнувал големо внимание  на Денот на мајките. Затоа ова година одлучил да подлегне на

Пронајдете не на следниве мрежи: