ПОДАРОК ЗА СВАДБА: колку треба да потрошите?

Еве колку треба да потрошите кога одите на свадба, се разбира, освен дополнителните трошоци со кои ќе се соочите, како облеката, на пример.Какви свадбени подароци постојат деновиве? Се разбира, се зависи од тоа колку добро ги познавате невестата и младоженецот, но постојат корисни совети кога станува збор за свадбениот протокол.
Спроведено е истражување во САД, според кое се покажало дека гостите трошат:
-45 долари за подарок на познаник;
-63 долари за подарок на колега;
-159 долари за подарок на најдобар пријател;
-195 долари за подарок на роднина.
Звучат како големи суми пари, зарем не? Сепак, тоа е вистината. За овие бројки говореше експертот по протокол Елејн Свон, која вели дека не смеат да се подаруваат ни премногу скапи, ниту пак, чудни подароци, освен ако не е нешто за кое што сте апсолутно сигурни дека ќе го користат.
Се разбира, повеќето од гостите се згрозени од идејата на предмети за домаќинството, како тостер или мешалка за салата, што се чини како глупав подарок дури и за роденден, а уште повеќе за најважниот настан во нечиј живот. Овие предмети се чинат безначајни, но често тие се одбрани лично од неветата и младоженецот, и затоа прифатете го нивното мислење како вистинито.
Друга честа заблуда е дека секој подарок мора да биде неверојатно скап. Свон препорачува да се искористат понудите за бесплатна испорака на порачани предмети од интернет, и да им се испорача подарокот директно до домот за да не мораат да назначуваат личност задолжена за носење на подароците по свадбата.
А што е со оние парови, за кои однапред знаете дека избрале скапа опција за прославата на свадбата? Или пак свадба на подалечна дестинација? „Банкротирањето и задолжувањето со цел да се присуствува на нечија свадба не е нормално“, тврди Свон. „Ако не можете да си дозволите подарок, сепак треба да ја изразите вашата љубов и грижа и да им посакате се најдобро, а тоа можете да го направите по писмен пат. Секој може да си дозволи да купи честитка.“ (Освен ако, можеби, купувате премногу подароци за свадби во истиот период?).
За крај, што и да одлучите да подарите, немојте премногу да се грижите бидејќи она што е важно е помислата.Какви свадбени подароци постојат деновиве? Се разбира, се зависи од тоа колку добро ги познавате невестата и младоженецот, но постојат корисни сове

Пронајдете не на следниве мрежи: