Вчера /20.12.2014 година, сабота/ во кугланата во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа дваесеттиот по ред јубилеен меѓународен меморијален турнир во куглање „Гаврило Гаврилски“.Турнирот беше во организација на КК “Макпетрол” и на истиот покрај домаќините учество зедоа и екипите на актуелниот светски клупски шампион „Подбрезова” (Словачка), “Борац” од Бања Лука (Босна и Херцеговина), како и тимот на Црвена Ѕвезда од Белград (Србија).
Турнирот за отворен го прогласи претседателот на КК “Макпетрол”, Љубомир Тодоровски кој во своето обраќање го потенцираше значењето на Гаврило Гаврилски во промоцијата и развојот на куглањето во Македонија.
– Турнирот се одржува во чест на Гаврило Гаврилски, кој како поранешен генерален директор на Градски трговски центар ја фрли првата кугла во Македонија во 1974 година, во тогаш ново отворената куглана “Мусандра”. Подоцна, како директор на Макпетрол, тој имаше клучна улога во формирањето и развојот на КК “Макпетрол” кој денеска е најтрофејниот и најуспешен тим во овој спорт, изјави Тодоровски.
На самиот турнир и оваа година помина во целосна доминација на светскиот клупски шампион “Подбрезова” кој забележа резултат од 3619 соборени дрва. Второто место го освои екипата на “Црвена Ѕвезда” со 3522 соборени дрва, домаќинот “Макпетрол” беше трет со 3499 соборени дрва, додека четвртото место го освои “Борац” со вкупен резултат од 3304 соборени дрва.
Поединечно, светскиот првак Заварко Вилмош од “Подбрезова” оствари најдобар резултат на турнирот со вкупно 674 соборени дрва, со што по трет пат има најдобар резултат на меѓународниот меморијален турнир во куглање „Гаврило Гаврилски“. Второто место го освои Даниел Тепшa (Подбрезова) со вкупен резултат од 627 соборени дрва, додека трет беше Игор Ковачиќ (Црвена Ѕвезда) со вкупен резултат од 618 соборени дрва.
Меѓународниот меморијален турнир ,,Гаврило Гаврилски”, кој годинава се одржа по јубилеен 20 пат е влезен во Светската меѓународна кугларска асоцијација и се бодува на АТП листата на Светската асоцијација.Турнирот беше во организација на КК “Макпетрол” и на истиот покрај домаќините учество зедоа и екипите на актуелниот светски клупски шампион „