11 април 2016, Скопје – Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство објавува дека на годинашниот Саем на книга штандот на оваа издавачка куќа ќе биде илустриран со цртежи направени на лице место пред свеченото отворање од страна на академската уметница Ана Андроска, со што ќе претставува еден вид уметничко дело распослано на 40 м2. Идејата е посетителите да можат да учествуваат во обојувањето на овие цртежи, со што ќе се овозможи да не бидат само консументи, туку и активни учесници во текот на саемските денови.Илустрациите на штандот се инспирирани од новата оригинална македонска боенка за возрасни Приказна за бојата, која излегува во продажба во издание на „Антолог“ утре, а исто така е дело на уметницата Ана Андроска. Боенката е плод на полугодишен труд на авторката и на издавачот и содржи 106 страници, кои ја поттикнуваат креативноста и се одлична можност за будење на уметничкиот дух и за пополнување на слободното време. Ова издание, кое е меѓу првите целосно македонски производи од овој тип и кое ќе се направи обид да се пробие и на странскиот пазар, го разликува, како што вели авторката, „строго уметничкиот пристап кон илустрацијата“ и ќе биде промовирано на штандот на „Антолог“ на последниот саемски ден, 18 април, а ќе може да се набави во текот на сите денови додека трае Саемот.
Ана Андроска е родена во 1982 година во Скопје. Во 2005 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, на отсекот сликарство. Досега имала три самостојни изложби (Сонувајќи со ѕвездите во Охрид,Сонувајќи со ѕвездите во Скопје и Лајка во Скопје), а учествувала и на групни изложби и на неколку работилници. Освен со сликарство, се занимава и со графички дизајн и редовно соработува со издавачката куќа „Антолог“.
Саемот на книга во Скопје ќе се одржи во Метрополис арената од 12 до 18 април.
Како што беше најавено програмата на издавачката куќа „Антолог“ изгледа вака:
12 април, вторник – Ден на европската литература
Промоција на книгите што се добитнички на Европската награда за литература, објавени со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. За секој купен пакет наградени книги читателите ќе добијат подарок книга.
„Антолог“ започнува и нов проект, во кој ги охрабрува читателите да напишат песна или расказ инспирирани од некоја поранешна случка и да ги остават во специјалната Кутија на спомени на штандот или да ги испратат на адресата [email protected].
Најинтересните творби ќе бидат објавени во електронското списание за култура и уметност „Репер“ (www.reper.net.mk).
Првиот саемски ден ќе го затвориме со ДЏ-сет со Ивица Димитријевиќ од 17.00 до 20.00 ч.
13 април, среда – Лето со книга!
Промоција на Трач, бестселерот на „Њујорк тајмс“, од „кралицата на летните романи“, Елин Хилдербранд. Оваа емотивна сага е одлична книга за опуштање и за уживање. За секој купен примерок од книгата следува купон за гратис пијалак во подвижниот кафе-бар „Номад“, кој ќе биде поставен пред Метрополис арена од 15 до 20 часот.
14 април, четврток – гостување на авторот на „Оксфордски убиства“
Од 17.00 до 18.30 часот ќе биде промовирана книгата Бавната смрт на Лусијана Б., најновиот роман наГилјермо Мартинес. Посетителите на штандот ќе имаат можност да добијат потпис на која било од неговитекниги или да одберат еден од пакетите на најпреведуваниот аргентински автор во моментов.
15 април, петок – Ден на трилерите
Промоција на новите трилери во издание на „Антолог“ и пакети со трилери од целиот свет. За опуштање пред викендот, и овој ден го затвораме со „afterwork“ ДЏ-сет со Wiseman & Kryptonite од 17.00 до 20.00 часот.
16 април, сабота – Ден за македонските писатели, 10 часа – 10 писатели
На штандот на „Антолог“ гостуваат и ќе потпишуваат книги автори од повеќе генерации: Дарко Ангеловски,Meрсиха Исмајлоска, Владимир Јанковски, Елена Конеска, Милчо Мисоски, Катерина Џатева, БиљанаСтојановска, Адријана Ананиева, Ања Кузмановска.
Истиот ден, во Промотивниот центар при Скопски саем, со почеток во 13.00 часот, ќе биде промовиранакнигата Завет за Македонија од Ставре Џиков. Промотори на книгата ќе бидат доц. д-р Теон Џинго и Ленче Смилевска.
17 април, недела – Ден на литературата за деца
Овој саемски ден е посветен на најмалите.
Од 11.00 до 12.00 часот организираме дружба со писателите на книги за деца: Велко Неделковски, Александар Кујунџиски, Саво Костадиновски и Жарко Кујунџиски.
Терминот од 12.00 до 13.00 часот е резервиран за читање приказни со актерката Лабина Митевска.
Сите заинтересирани може да ги пријават своите дечиња на возраст од 2 до 7 години на [email protected] за да уживаат во интерпретацијата на најубавите приказни за деца. Бројот на места е ограничен.
18 април, понеделник – Happy day
На последниот саемски ден ќе биде промовирана „Приказна за бојата“ од Ана Андроска, оригинална македонска боенка за возрасни.
Во соработка со Канадскиот уметнички совет посетителите на саемот ќе може да го набават и пакетот „Читајќи ја Канада“ со попуст од 50%, за кој ќе добијат и подарок книга поезија, во чест на Маргарет Атвуд, годинашната добитничка на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.
Организацијата на архитектонското решение на штандот е на архитектот Филип Конески.
За интервјуа со Гилјермо Мартинес и со другите учесници во програмата може да се аплицира на нашите мејлови.
Добре дојдовте во светот на книгите, добре дојдовте во „Антолог“!Илустрациите на штандот се инспирирани од новата оригинална македонска боенка за возрасни Приказна за бојата, која и