Поддршка од 80 отсто за набавка за високо приносен добиток

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во рамки на денешната посета на сточарска фарма во селото Нова Брезница, општина Сопиште ја промовираше новата мерка со која значително ќе им се помогне на сточарите.Како што истакна Груевски новата мерка ќе биде во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, а ќе стапи на сила од 1 јануари идната година. Со истата ќе се субвенционираат 80% од сумата на сточарите кои ја потрошиле во набавка на високо приносен добиток.
Поради потребата од преоирентирање кон обезбедување на високо приносен добиток кој пак има повеќекратен бенефит за земјоделците, лидерот на владејачката партија истакна дека било одлучено да се оформи новиот проект „Поддршка од 80 осто за набавка за високо приносен добиток.
Поголемата продуктивност во сточарското производство во државата може да се постигне само преку промена на сегашната неповолна структура и набавка на попродуктивни грла со висок генетски потенцијал, кој што во основа е високо приносен добиток. Со цел обезбедување на поголема мотивираност на сточарите за модернизирање на стадата со вакви грла, како што истакна Груевски, досегашната поддршка за кофинансирање на трошоците за набавка на педигиран добиток кои ќе се покриваат од страна на државата, ќе биде 80% од трошоците.
Средствата ќе се спроведуваат како неповратна финансиска поддршка за набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци, педигрирани машки и женски приплодни грла кози и педигрирани свињи (нерези и назимки)- оригинали или хибриди.
Набавката на грлата ќе се врши од признати организации на одгледувачи на добиток, а право на користење на мерката ќе имаат одгледувачи на добиток кои се запишани во Единствениот регистер на земјоделски стопанства.
Максималната вредност на прифатливите трошоци ќе изнесува до 10. 000 000 денари по корисник. Предвидениот износ на средства за реализација на оваа мерка на годишно ниво ќе изнесува 2 милиони евра.
Една од мерките која беше промовирана во изминатиот период и која е наменета за земјоделеците кои се занимаваат со обработка на земјиште е 80 проценти поддршка за воведување на систем капка по капка и за изградба на бунари. Системот капка по капка овозможува многукратна корист за земјоделците, зголемено производство, кое носи зголемени приходи.Како што истакна Груевски новата мерка ќе биде во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, а ќе стапи на сила од 1 јануари идната година. Со истата ќе се

Пронајдете не на следниве мрежи: