Поддршкa за „Винчини“ од странски стручњаци ангажирани од Владата

Македонската компанија „Винчини“ очекува со помошта од странскиот стручњак ангажиран преку проектот на македонската Влада да ги пласира производите со кои е присутна на пазарите во 40 држави, во уште 20 држави.Меѓу вработените во „Винчини“ стручњакот од СЕС-проектот од Германија, Рене Кумли, го пренесува здобиеното искуство од компанијата „Милка“.- Со вработените работиме на подобрување на продажната практика, на продажниот тим на домашниот и на странските пазари. Добив задача да работам на продажбата и менаџментот за што сугерирав на воведување иновативни и креативни тактики за продажба. Што постигнавме на овој план подготвувам извештај за следната недела – вели Кумли, кого за потребите на домашните компании го ангажираше Владата на Република Македонија.За Глигор Цветанов, извршен директор во „Макпрогрес“ – Виница, ангажирањето странски стручњаци е повеќе од потребно.- На огласот на Владата како компанија се пријавивме со четири проекти, од кои два за технологии и по еден за среден менаџмент и маркетинг. Во изминативе денови со странскиот експерт кој доаѓа од проектот СЕС од Германија се снима комплетната ситуација кај нас за тоа како е сегашното производство и со кои насоки може да се подобри и квалитетот и менаџментот и пласманот – истакна Цветанов.

„Винчини“ 70 проценти од производството го пласира на странскиот пазар во вкупно 40 држави, а со помошта на странскиот експерт раководството планира присуство на производите во 60 држави.- Германскиот стручњак е дел од првата група стручњаци од странство ангажирани во втората фаза од владиниот проект што почна деновиве. До крајот на април се очекува во рамки на оваа група 15 странски стручњаци да работат во компаниите од земјата – информира Биљана Пеева Ѓуриќ, директор во Стопанската комора на Македонија.Во првата фаза од проектот се пријавија 105 компании од целата територија на државата и со различна големина во однос на бројот на вработените.Домашните компании ќе треба на странските експерти да им го обезбедат само престојот во државава. Поголемиот дел од трошоците, меѓу кои дневници и транспорт, ќе бидат на товар на државата и нејзините партнери од Холандија и Германија.
извор:republika.mkМеѓу вработените во „Винчини“ стручњакот од СЕС-проектот од Германија, Рене Кумли, го пренесува здобиеното искуство од компанијат

Пронајдете не на следниве мрежи: