28.02.2014 година, Стокхолм, Шведска. Делегација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на чело со Директорот Роберт Орданоски на 27 и 28 Февруари 2014 година присуствуваше на Пленарната седница на Групата на независни регулатори (IRG) и Европското тело на регулатори за електронски комуникации (BEREC) во Стокхолм, Шведска, и тоа за прв пат во својство на потпретседатели на овие две организации.На оваа седница присуствуваа највисоките претставници на регулаторните тела од земјите членки на Европска Унија, земјите кандидати за проширување и земјите членки на ЕФТА. На состанокот беа донесени низа документи од областа на регулација на електронските комуникации и се дискутираше и за состојбата со предложената регулатива од страна на Европската комисија, “Мерки во врска со Европски единствен пазар за телекомуникации за создавање на поврзан континент”, која се очекува наскоро да биде разгледувана од Европскиот парламент и за новата нацрт препорака за релевантни пазари за ex-ante регулација која е предложена од страна на Европската комисија и се очекува да биде усвоена во четвртиот квартал од 2014 година.
На оваа седница исто така беа поделени работните задачи и одговорности на петте потпретседатели на IRG и BEREC. На Директорот на АЕК – Роберт Орданоски му беше доделена работна задача да ги координира меѓународните активности на Европското тело на регулатори за електронски комуникации, посебно со регулаторните тела на САД, земјите од Медитеранската група, земјите од Источното партнерство на ЕУ и земјите од Азија (Јапонија, Јужна Кореа, Кина и Сингапур). Директорот на АЕК се заблагодари за укажаната доверба да го претставува Европското тело на регулатори за електронски комуникации и вети дека со својот тим ќе направи се што е потребно да ја подобри и унапреди соработката на меѓународно ниво. На оваа седница присуствуваа највисоките претставници на регулаторните тела од земјите членки на Европска Унија, земјите кандидати за проширување и
Пронајдете не на следниве мрежи: