„Скопје беше показна вежба за Белград. Она што е Заев во Македонија, овде ќе биде Јанковиќ или Јеремиќ“ – предупредуваат српските аналитичари.„Рекоа дека изборите во Македонија ќе донесат стабилност? Изборите во Македонија не можеа, всушност – правилно е да се напише не смееја да се одржат сѐ до моментот додека во целост не се подготви теренот прозападната опозиција собрана околу Зоран Заев да добие таман онолку поддршка, за да го победи ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски.
Значи, сѐ додека најголемиот број Албанци не е натеран да ги жртвува сопствените политичари и додека не се исполнат ветувањата дека Македонија ќе биде федерализирана, а албанскиот јазик ќе стане службен во Македонија, изборите ќе се прогласуваат како нерегуларни. Сѐ додека на Груевски не му се одземе апсолутно сѐ во кампањата, па да биде ставен во позиција да тргне во борба без оружје.
Меѓутоа, шокот за сите оние коишто на сите можни начини му дале оружје и логистика на Заев, лежи во фактот дека и во такви околности Груевски оствари победа. Јуначки ја издржа монструозната кампања врз себе, ги истрпе ударите од кои и слонови би паднале и се покажа како силен противник. Затоа против него мора да се примени финална акција, а тоа е насилно рушење.
И во Србија се очекува инсталирање на Соросовите тројански коњи. Тројанските коњи коишто ќе трчаат за Западот во Србија се бараат кај Бошко Обрадовиќ, кој туѓото напишано мислење на лист хартија го презентира како свое. Се прави широка мрежа од лажна граѓанска елита, а секој оној кој на некое место барем малку ќе се обиде да ја пофали власта, бива медиумски сатанизиран.
Низ напади поминаа Буле Гонциќ и Горан Бреговиќ, нешто порано Мики Манојловиќ, а на добар пат медиумски да биде распнат е и Ненад Лалатовиќ. Нивниот грев е што јавно го пофалија Вучиќ. Слично во Македонија поминуваа сите оние коишто го поддржаа Груевски. Срѓа Поповиќ веќе подготви ресурси, баш како што правеше и во Македонија, работејќи на подготовката на „шарената револуција“. Кај нас, рака под рака, во ист табор зад истиот кандидат на „жолтата патка“ и Двери,се Јелена Милиќ и Бошко Обрадовиќ, а сѐ само со една цел – да се сруши Вучиќ.
Тие бесрамни луѓе во својот болен поход со единствена фиксација да го срушат Вучиќ според инструкции од страна, се подготвени на сѐ. Исто е и во Македонија – опцијата околу Зоран Заев според инструкции од странство е подготвена и на граѓански судир за да дојде до фотелја.
Верувам во трезвеноста и рационалноста на српскиот народ. Во крајна линија, не одлучуваат парите и логистиката, туку луѓето. На таа карта играше и Груевски во Македонија и без оглед на тоа каква сила имаше против себе, тој победи. Ќе победи и Вучиќ во Србија, па таман и ако на изборниот лист се презивал Николиќ.“
(Стандард.рс)„Рекоа дека изборите во Македонија ќе донесат стабилност? Изборите во Македонија не можеа, всушност – правилно е да се напише не смееја