Ви претставуваме рецепт за превкусен домашен крцкав чипс.Потребно е:
– 500 гр компири
– масло за премачкување
– сол и мешан зачин
– 4 чешниња лук
Подготовка:
Исечкајте го компирот на најтенки крукчиња што можете. Измијте ги крукчињата во ладна вода и потоа исушете ги врз хартиена крпа.
Во мало тенџере загрејте го маслиновото масло на ниска температура и во него сипете го исечканиот лук. Пропржете 5 минути додека лукот не пушти мирис. Потоа ставете го маслото во блендер и убаво измешајте.
Во тавче сипете масло за пржење и оставете го да се загрее. Потоа во него наредете по неколку крукчиња од компирот и превртувајте ги додека не добиете убав крцкав чипс. Откако ќе ги извадите од зејтинот, со четкичка намачкајте ги со маслиновото масло и послужете ги топли.Потребно е:
– 500 гр компири
– масло за премачкување
– сол и мешан зачин
– 4 чешниња лук