Трилече – неодоливо слатко задоволство.Потребно е:
За кора:
– 6 јајца
– 300 грама шеќер
– 2 ќесички ванилин шеќер
– 1 пециво
– 400 грама брашно
За прелив:
– 500 мл хопла
– 2 литра млеко
– 300 грама млеко во прав
– течен карамел
Подготовка:
Скршете ги шесте јајца и одвојте ги белките од жолчките. Белките се матат со шеќерот, а потоа на оваа смеса се додаваат претходно изматените жолчки, како и брашното, пецивото и ванилиниот шеќер. Целата смеса се мати или се меша со лажица. Потоа се истура во четвртаста тава и на пече 30 минути на температура од 220ºC. Додека се пече тестото подгответе го преливот со тоа што во далбок сад ќе ги матите млекото, млекото во прав и хоплата. Испечената кора се остава да се олади, а потоа на неа се додава млечниот прелив и на крај одозгора се полева со течен карамел.Потребно е:
За кора:
– 6 јајца
– 300 грама шеќер
– 2 ќесички ва