Подгответе посно тавче гравче!

Подгответе го нашето најубаво јадење!Потребно е:
1 мала лажица црвен пипер
 малку сол
500 милилитри масло
1500 грама кромид
 1000 грама грав
1 главица лук
1 мала лажица бибер
Подготовка:
Измијте го гравот. Откако ќе преврие, првата вода се истура. Потоа варете во тенџере со многу вода. Додадете ја исчистената главица лук и малку бибер во зрно. Додека гравот се вари, во тенџере ставете масло, кромидот исечете го на покрупни парчиња и динстајте го на тивок оган додека стане густ. На крај додадете го мелениот црвен пипер. Дното од земјената тава се намокрува со вода, а потоа со маслото во кое се пржеше кромидот. Гравот е варен кога ќе омекне, но внимавајте, зрната треба да останат цели. Со решеткаста лажица се вади гравот, се става во тавата, одозгора се става кромидот и така, сè додека не се потроши целиот материјал, но одозгора треба да се заврши со гравот. Се украсува со суви пиперки, се става во рерна и се пече на тивок оган.Потребно е:
1 мала лажица црвен пипер
 малку сол
500 милилитри масло
1500 грама кромид

Пронајдете не на следниве мрежи: