Подгответе превкусен ЛАХМАЏУН!

Лахмаџунот е турски специјалитет, кој е многу популарен и кај нас.Потребно е:
За тесто:
400 г. меко брашно ½ свеж квасец 1 лажичка шеќер 1 дл. вода 1 дл. млеко 1 лажица маслиново масло Сол
За фил:
200 г. конзервирани домати 1 кромид 2 пиперки 400 г. мелено јунешко месо 20 г. кашкавал 4 лажици масло за јадење Мешан зачин, бибер
Подготовка:
● Во соодветен сад соединете ги млекото, водата, шеќерот, квасецот, маслото и малку сол, а потоа постепено додавајте го брашното, месејќи цело време додека да добиете меко и еластично тесто. Подготвеното тесто оставете го да нарасне. ● Додека да нарасне тестото подговете го филот. Ситно исецкајте го кромидот, а пиперката и конзервираните домати исечете ги на коцки. Кашкавалот изрендајте го на крупната страна од рендето. ● На малку масло ставете да се пржат кромидот и пиперката, а по кратко време додајте го меленото месо, конзервираните домати и зачините. Динстајте додека сите состојки да омекнат. ● Нараснатото тесто поделете го на четири дела, а потоа секој дел рачно развлечете го во облик на пица, внимавајќи краевите да бидат подебели. ● Врз обликуваните пити нанесете го подготвениот фил и изренданиот кашкавал, па ставете ги во рерна да се печат додека да поруменат. ● Сервирајте со ајран, јогурт или кисело млеко.Потребно е:
За тесто:
400 г. меко брашно ½ свеж квасец 1 лажичка шеќер 1

Пронајдете не на следниве мрежи: