Познатиот метеоролог проф. Зоран Задро, автор на страницата “Vremenska prognoza za RH i BiH – svakodnevna”, дал своја прогноза за оваа есен за Вечерњи лист.- Ова лето ги оправда очекувањата од сезонските прогнози за непогоди, жештини и пожари, така што моите анализи се покажаа како точни. Беше конечно нормално, врело лето, за разлика од последниве пет години кога практично немавме вистински лета, наведува Задро.
Анализирајќи бројни долгорочни прогнози, Задро одлучил да издаде сезонска прогноза и за есента.
– Кога се ќе се собере, не очекува температурно нормална есен, со тоа што подрачјата на источен Балкан би можеле да имаат нешто потопла есен.
Значително заладување, кога првиот снег би ги забелил врвовите, би можело да се случи во октомври и особено во ноември, кога снежни врнежи би можеле да ги прекријат и пониските региони на Балканот. Секако, зависи колку силен ќе биде студениот продор и каде ќе се движат циклоните.
Сите долгорочни трендови на прогнози укажуваат дека, генерално, есента би била поактивна во однос на врнежите. Секако треба да се предупреди дека, поради релативно топлото Средоземје, циклоните кои настануваат во овој простор би можеле да бидат посилно изразени отколку вообичаено.
Ваквото сценарио овозможува ризик од грмежи и локално големи количини дожд, ко би можеле да паднат во кратко време и да предизвикаат проблеми во земјите во и околу Средоземјето.
Исто така, Задро, кратко прокоментирал и за зимата што следи.
– Речиси сите долгорочни трендови на прогнози укажуваат на најмалку температурно нормална зима. Би требало да биде активна по врнежите, така што, освен заладување, би имало и повеќе врнежи во однос на минатата зима.- Ова лето ги оправда очекувањата од сезонските прогнози за непогоди, жештини и пожари, така што моите анализи се покажаа како точни. Беше конечно