Реномираната американска компанија за метеролошка прогноза АјкуВедер (AccuWeather) предвидува дека за подрачјето на јужна и источна Европа ова ќе биде долго топло лето со опасни топлотни удари и суша.Според прогнозите на АјкуВедер на ова подрачје се очекува долг период со температури над вообичаениот просек, особено во Италија и на Балканскиот Полуостров.
Особено долгиот топлотен бран ќе биде изразен во текот на јули и август.
– Температури над 32 степени Целзиусови ќе бидат вообичаени во текот на целото лето, а ќе има и најмалку еден подолг период на опасни горештини, кој ќе трае најмалку седум дена, се наведува во прогнозата, со посебна напомена дека можат да се очекуваат и температури, кои ќе бидат над досегашните температурни рекорди.
Метеорологот Аен Реперт говорејќи за подрачјето на Балканот изјави дека најголема опасност од високи температури им се заканува на Македонија, Унгарија и Романија.
Неговиот колега Тајлер Ројс не ја исклучи можноста од појава на зголемено ниво на смог и лош квалитет на воздух.
Како последица на високите температури ќе се појави суша, што негативно ќе се одрази врз посевите.Според прогнозите на АјкуВедер на ова подрачје се очекува долг период со температури над вообичаениот просек, особено во Италија и на Балканскиот П