Подгответе се, ни следува леден бран

Во поголем дел од државата утринава е студено со врнежи од снег и минимални температури под нулата. Најстудено е во Маврово и Ѓуриште каде се измерени -7 степени, а најтопло во Гевгелија каде утринската температура е три степени над нулата.
Врнежи од снег утринава има во западните делови од државата, а долж Повардарието дува засилен северен ветер. Во текот на денот врнежите од снег ќе биде повремени, а поообилни се очекуваат во ноќните часови. Дневната температура нема да се разликува од утринската и ќе биде во интервал од -2 до 3 степени, а на планините и значително пониска, особено во северните делови.
Врнежи од снег ќе има и во Скопската Котлина, почнувајќи од претпладневните часови, а пообилни ќе бидат во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде околу нулата. Најстудено е во Маврово и Ѓуриште каде се измерени -7 степени, а најтопло во Гевгелија каде утринската температура е три степени над нулата.

Пронајдете не на следниве мрежи: