Снежни врнежи и ниски температури, од четврток Македонија во жолта алертна фаза. Поларен бран со засилен северен ветер од утре ќе донесе врнежи од дожд а потоа и снег по градовите. За Бадник и Божиќ метеоролозите најавуваат снежна покривка на цела територија и пад на температурите до 20 степени под нулата.По најавите за снег и пад на температурите уште утре ќе се состане Кризниот штаб информираат од министерството за транспорт и врски. Патиштата за сега се претежно суви и проодни. Надлежните апелираат на внимателно возење по клисурите каде се можни помали одрони и по планинските премини каде е можна појава на голомразица.
– Од Град скопје информираат дека се подготвени со 15 возила за расчистување на снегот и истите се опремени со механизација за растурање сол по булеварите кои се во наша надлежност. Доколку има големи врнежи од снег Градот Скопје ќе активира и дополнителна механизација за расчистување на булеварите. Оттаму ги повикуваат граѓаните да ги расчистат приодите до своите куќи и згради согласно законските обврски.
Апел и до останатите општини за навремено расчистување на локалните улици и тротоари кои се под нивна надлежност. Доколку граѓаните се најдат во опасност поради големи снежни наноси, завејување и катастрофи од студеното време можат да се јават на 195 бесплатниот телефонски број на ЦУК. По најавите за снег и пад на температурите уште утре ќе се состане Кризниот штаб информираат од министерството за транспорт и врски. Па