Подгответе се: Од утре поларни температури

Снежни врнежи и ниски температури, од четврток Македонија во жолта алертна фаза. Поларен бран  со засилен северен ветер од утре ќе донесе  врнежи од дожд а потоа и снег по градовите.  За Бадник и Божиќ метеоролозите најавуваат снежна покривка на цела територија и пад на температурите  до 20 степени под нулата.По  најавите за снег и пад на температурите уште утре ќе се состане Кризниот штаб информираат од  министерството за транспорт и врски. Патиштата за сега се претежно суви и проодни. Надлежните апелираат  на внимателно возење по клисурите каде се можни  помали одрони и по планинските премини каде е можна појава на голомразица.  
– Од Град скопје информираат дека се подготвени со 15 возила за расчистување на снегот и истите се опремени со механизација за растурање сол по булеварите кои се во наша надлежност. Доколку има големи врнежи од снег Градот Скопје ќе активира и дополнителна механизација за расчистување на булеварите. Оттаму ги повикуваат граѓаните да ги расчистат приодите до своите куќи и згради  согласно законските обврски.
Апел и до останатите општини за навремено расчистување на локалните улици и тротоари  кои се под нивна надлежност.  Доколку граѓаните се најдат во опасност поради големи снежни наноси, завејување и катастрофи од студеното време  можат да се јават на 195  бесплатниот телефонски број на ЦУК. По  најавите за снег и пад на температурите уште утре ќе се состане Кризниот штаб информираат од  министерството за транспорт и врски. Па

Пронајдете не на следниве мрежи: