Со малку добра волја дома може да направите одличен пилинг за тело кој вашата кожа ќе ја направи убава, и ќе и даде сјај и мекост. Припремете го телото за бикини …Ванила и лаванда
Пилингот од ванила и лаванда се прави на следниов начин: Измешајте две лажици шеќер, една чаша масло од семки грозје, една лажичка екстракт од ванила и 12 капки масло од лаванда. Сето тоа промешајте го. Чувате во тегла и така може да се одржи и до една недела. Овој пилинг користете го три пати неделно.
Шеќер пилинг
За шеќерниот пилинг ви треба следново: Земете половина чаша шеќер (бел или кафеав) и истурете го во една четвртина чаша маслиново или кокосово масло. Сето тоа се промешува и се користи само една лажица за целото тело.
Пилинг од кафе
Кафето на вашата кожа ќе и ја даде потребната влага, ќе ја прави мека и мазна и ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата. Земете една четвртина чаша мелено кафе и шеќер, и промешајте ги, во смесата, додадете две лажици маслиново масло. И сето тоа нанесете го на телото.
Лимон и шеќер
Ова е најдобриот пилинг за отстранување на мртвата кожа. Земете една чаша шеќер и ставете лажичка сок од лимон, на тоа доодајте шест лажици бадемово масло и сместа користетеја како пилинг за тело. Овој пилинг е потребно да го оставите на кожата некое време, а потоа исплакнете.Ванила и лаванда
Пилингот од ванила и лаванда се прави на следниов начин: Измешајте две лажици шеќер, една чаша масло од с



