Подгответе сладолед торта

Идеално освежување за летните денови!Потребно е:
За кора:
– 8 Белки
– 400 г Шеќер
– Лажица оцет
За фил:
– 8 Жолчки
– 50 г Шеќер
– ½ л Млеко
– 2 Кесички шлаг
– 125 г Маргарин
– 3 Лажици брашно
– Кесичка пудинг од ванила
– 300 г Бело чоколадо
Подготовка:
Изматете ги белките, додадете шеќер, добро измешајте и додадете оцет. Печете ја кората на 150°C околу 25 минути а тавата за печење обложете ја со хартија.
Сварете го пудингот во млеко, додадете изматени брашно, шеќер и жолчки од јајце. Оладете и соединете со маргарин, шлаг и растопено бело чоколадо (оставете 50 г бело чоколадо на страна за рендање над тортата како украс). Тортата ставете ја во фрижидер до служење.
 Потребно е:
За кора:
– 8 Белки
– 400 г Шеќер
– Лажица оцет

Пронајдете не на следниве мрежи: