Кога се работи за добрата забава, во Македонија никогаш не е тивко. После лудите летни фестивали, најголемите артисти, музички групи и диџеи, сцената ја заземаат клубовите. Летото е при крај, но не и добрата забава.Како се празнат плажите, така се полнат градските клубовите. Градовите го вратија својот лик, а добрата музика почна да ечи од секое ќоше. Љубителите на добрата забава, со низок старт чекаа клубската шема повторно да заживее и клубови да ги отворат своите врати.
Првиот бран на ноќен ритам со голем ек, како магнет ги провлече оние најхрабрите, оние кои освен добра забава бараат авантура и очекуваат нешто непознато, нешто што ќе ги освои нивните срца и ќе им ги помеша сетилата. После официјалното отворањето на клубовите, жиркаџиите го зазедоа градот. И тука на подиумот за играње првиот чекор го прават само најхрабите, оние кои се подготвени да го скротат ритамот и да се движат по струењето на нивната крв. И оваа сезона знаеме дека не чека нешто спектакуларно, повик за добра музика и забава, повик кон непзнато, повик кон Neuland.
И додека пред нас е уште една возбудлива авантура, уште еден повик кон непозната возбуда, се што треба е да бидеме храбри и да дозволиме ритамот да не води. Ноќните клубови се само простории, а забавата ја правите Вие. Вие сте тие кои мора да дозволите да Ви се измешаат сетилата, вкусовите, боите, чувствата. Вашата храброст е тоа што ја прави атмосферата возбудлива, ги руши границите и бариерите, го истражува непознатото без страв, со возбуда. Кога ќе се види звукот, ќе се вкуси бојата и ќе се слушне вкусот, кога ќе се најдете во Neuland, тогаш им пркосите на сите правила и граници и играте во ритамот на непознатото, но возбудливото.Како се празнат плажите, така се полнат градските клубовите. Градовите го вратија својот лик, а добрата музика почна да ечи од секое ќоше