Декларација за слободни, фер и демократски избори потпишаа денеска во пресрет на претстојните предвремени парламентарни избори 22 подмладока на политички партии во Република Македонија.Политичките подмладоци со Декларацијата се обврзуваат дека ќе се заложат за одржување фер и демократски избори и не посегнување по заплашување на граѓаните да го дадат својот глас за одредена партија, за подобрување на демократската клима во изборниот процес, за јавна осуда на секаков чин на насилство, како и за необјавување клевети, навреди и манипулации.
Потписниците, меѓу другото, се обврзуваат и дека ќе се залагаат за отстранување или минимализирање на говорот на омраза, дека ќе водат чесна и фер медиумска кампања и оти нема да го отстрануваат пропагандниот материјал на другите партии.
Билјана Јанева, извршен директор на Институт Охрид, кој е и организатор на потпишувањето на Декларацијата, истакна дека нејзината важност се темели пред се, како што рече, на фактот дека младите политичари се се погласни во партијата и општеството и оти нивниот глас се повеќе се слуша.
Тие, рече Јанева, се и идните носители на одлуки и предводници на новата генерација политичари кои треба да ги изградат темелите на здравиот политички дијалог.
Владимир Неловски, претседателот на Унијата на млади на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека се согласуваат со сите точки во Декларацијата и оти така ќе се однесуваат. Се надевам, додаде тој, дека оваа кампања ќе биде натпревар на идеи и проекти, а не на лаги и манипулации.
Претседателот на младината на СДСМ Стефан Богоев, по потпишувањето истакна дека тие на ваков начин се обврзуваат да покажат зрелост и пример како може и како треба да се води политичка кампања. Додаде дека како политички подмладоци треба заедно да се борат за повеќе млади на кандидатските листи.
Нивниот колега од подмладокот на ДУИ, Беким Мемети, истакна дека партијата секогаш се залагала за следење на принципите на кои се темели потпишаната декларација. Ќе се заложуваме, рече, изборите да бидат колку е можно пофер и демократски.
Меметула Демири од Демократската парија на Албанците во Македонија истакна дека ќе го почитуваат одредбите на потпишаната декларација. ДПА ќе го даде својот придонес и кампањата и изборите да бидат во фер и демократски избори.
Ова е вторпат подмладоците на политичките партии да потпишат ваква Декларација. Првпат на ваков документ се потпишаа во 2014 година пред предвремените парламентарни и претседателски избори.Политичките подмладоци со Декларацијата се обврзуваат дека ќе се заложат за одржување фер и демократски избори и не посегнување по заплашување на г