Луѓето често ги игнорираат симптомите на малигни заболувања се додека болеста не напредне, а токму раната дијагноза е најдобар адут за лечење. Малигните болести денес се почесто ги погодуваат и помладите луѓе, па додека необичните симптоми ви траат подолго, немојте да ги игнорирате бидејќи сте „премлади“ за сериозни болести, советуваат докторите.Минливите тегоби со здравјето не треба претерано да ве загрижуваат, но доколку симптомите не минуваат ниту по три до четири недели задолжително посетете доктор, да се ослободите од сомнежите.
Нејасно слабеење
Повеќето пациенти заболени од рак по поставената дијагноза накнадно забележуваат дека драстично ослабеле, но не му придале значење на тоа. Губиток до два килограми не е загрижувачки, но се повеќе од тоа а да не сте го промениле начинот на исхраната е причина за посета на доктор.
Хроничен замор
Доколку чувствувате секојдневен недостаток на енергија, со тешкотија станувате од кревет и заспивате во истата секунда откако ќе легнете и покрај тоа што спиете доволно, посетете доктор. Хроничниот замор најчесто е симптом на преоптеретен имунитет . Иако причината не мора да биде малигнен процес, туку некоја друга хронична болест или пореметување на хормоните, доколку трае подолго од три седмици, одете на доктор.
Прочитајте за првите симптоми на рак на белите дробови
Постојана болка
Болката ги следи воспаленијата, проблемите со имунитетот, но и натанувањето на цисти кои можат да бидат малигни. Било да се работи за упорна главоболка, болка во коските или абдоменот, болка која не поминува во текот на две недели може да биде предзнак за малигнен процес па затоа треба да се утврди нејзината точна причина.
Прочитајте повеќе за првите симптоми на рак на дебелото црево
Промени на кожата
Кожата е најголем дел од телото на човекот, а освен необични бемки или рани кои можат да претставуваат појава на меланоми, кожата може да покажува симптоми на други тумори. Обратете внимание на подочниците, жолтило на кожата, хиперпигментациски дамки и лупење на кожата и посоветувајте се со доктор.
Кашлање, болки во грлото…
Било да сте пушач или не, важно е да обратите внимание на секој облик на кашлица која не поминува за месец дена, но и на честите главоболки или промени на устата или јазикот. Доколку не ви помогне антибиотска терапија, и воспалението постојано се враќа, побарајте специјалистички преглед.
Постојана повишена температура
Повишената и упорна температура која се јавува без пратечки симптоми на грип или настинка е знак за преглед, велат докторите. Треската е честа појава при малигни процеси бидејќи настанува како резултат на активирање на обрамбениот систем на телото.Минливите тегоби со здравјето не треба претерано да ве загрижуваат, но доколку симптомите не минуваат ниту по три до четири недели задолжително пос



