Поднесени кривични пријави од царинската управа во август 2016 година

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец август 2016 година до надлежните јавни обвинителства  поднесе6 кривични пријави против 8физички лица и 4 правни лица.
 
 Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Криумчарење“, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „Даночно затајување“.
Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Криумчарење“, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „Даночно затајување“.
Криумчарење
До ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава против физичко лице Ч.Б. државјанин на Република Турција, кој на 16.08.2016 година со патничко возило со германски регистарски ознаки се пријавил за влез во Македонија на ГП Богородица. При извршен преглед во багажникот, поточно во просторот за резервната гума, како и помеѓу торбите со личен багаж биле пронајдени вкупно 340 шишенца парфеми и 6 штеки цигари, додека во просторот наменет за алат и помошни сообраќајни средства што се наоѓа од десната страна на багажниот простор било пронајдено едно најлонско кесе со златен накит (златни нараквици и златни ланчиња) со вкупна маса од 439 грама. На ваков начин осомничениот избегнувајќи ја царинската контрола пренел непријавена стока со вкупна вредност од 1.107.640 денари. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во ОС Гевгелија каде е донесена пресуда врз основа на предлог спогодба со која обвинетиот е огласен за виновен и е осуден на парична казна од 73.800 денари, како и споредна казна – протерување на странец од земјата во траење од една година. Со пресудата на осудениот му се одземаат непријавените стоки предмет на кривичното дело, како и возилото со кое биле пренесувани истите.
Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
До ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против Ј. Х. државјанин на Република Грција, кој на 24.08.2016 година со патничко возило со грчки регистарски ознаки се пријавил на излез од Македонија на ГП Табановце автопат. При извршена контрола на внатрешноста од возилото, поточно во просторот наменет за чување на документи од левата страна под воланот, било пронајдено едно пакување за режан тутун наполнето со четири цвета непозната растителна материја. По наредба на јавен обвинител, извршено е вештачење на непознатата материја, при кое е утврдено дека истата преставува марихуана со вкупна маса од 2,10 грама. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во ОС Куманово каде е донесена пресуда врз основа на предлог спогодба со која обвинетиот е огласен за виновен и му е утврдена алтернативна мерка условна осуда – казна затвор во траење од 6 месеци која нема да се изврши под услов обвинетиот во рок од 2 години по правосилноста на пресудата да не стори ново кривично дело.
Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје и одговорното лице А. У. од Истанбул, државјанин на Република Турција, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма. На 04.01.2016 година за потребите на правното лице во царинската испостава Скопје 4 била пријавена разна стока од испраќач од Турција. При извршениот преглед на стоката од страна на царинските службеници се откриени 156 јакни со ознака на заштитена трговската марка. Поради основано сомневање дека со наведената стока се повредува правото од интелектуална сопственост, Царинската управа привремено ја задржа предметната стока. По увидот на стоката застапникот на заштитената трговска марка ја извести Царинската управа дека задржаните предмети се фалсификати. На ваков начин осомничените се обиделе да увезат производи кои се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи, со што го сториле кривично дело за кое се осомничени.
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје и одговорното лице Б. Р. од Призрен, државјанин на Република Косово, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, односно неовластено увезле производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи. Во два случаи во текот на 2015 година и еднаш во 2016 година, за потребите на пријавеното правно лице се увезувани разни производи од фирма од Република Косово, со исто име како и пријавеното правно лице. При извршениот преглед на стоката од страна на царинските службеници се откриени 88 пара спортски обувки, 135 пара машки папучи, 235 долни тренерки, 230 слушалки, 192 детски играчки – автомобили, сите со ознаки на заштитени трговски марки. Поради основано сомневање дека со наведената стока се повредува правото од интелектуална сопственост, Царинската управа привремено ја задржа предметната стока. По увидот на стоката, застапниците ја известија Царинската управа дека задржаните предмети се фалсификати. На ваков начин осомничените се обиделе да увезат производи кои се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи, со што го сториле кривично дело за кое се осомничени.
Даночно затајување
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје, одговорното лице Ј. Р. од Скопје и физичко лице В. У. од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело даночно затајување, со намера да одбегне целосно плаќање данок во износ од 1.211.701 денари. Лицето В. У. е осомничена како организатор на набавка на тутун во лист од странство и продажба на истиот во Република Македонија, за што го користи осомниченото правно лице, а за истата услуга му исплаќа одредена сума во готово на одговорното лице за користење на правното лице. На овој начин извршен е увоз на 6 камиони тутун во лист во вкупна количина од 85.168 кг од типот Вирџинија, со вкупна вредност 176.936 евра, кои по увозното царинење се превземани од непознати лица во име на фиктивна фирма од Шведска и се носени во непознат правец. Инспекторите од Одделението за истраги во сметководствената евиденција на осомниченото правно лице пронајдоа фактура издадена за правно лице од Шведска, за наводна продажба на тутун. Од извршената проверка се утврди дека наводното правно лице од Шведска нема регистрирано претставништво, ниту има отворено фирма во Република Македонија. На барање на Царинска управа, контрола на осомниченото правно лице спроведе Управата за јавни приходи, со која се утврди дека во сметководствената евиденција целата количина увезен тутун во лист се води како залиха на стоки, иако физички не ја поседува. Увозникот не презентирал документи, фактури или извозни царински декларации од кои може да се утврди дека стоката ја напуштила територијата на Република Македонија и е продадена во странство, односно не е приложен соодветен веродостоен документ за отуѓување на увезената стока. Согласно одредбите од Законот за персонален данок на доход, приходот добиен од продажба на залихата претставува лично примање, на кое што од страна на Управата за јавни приходи е пресметан персонален данок на доход на износ од 1.211.701 денари.
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје, против одговорното лице А. Р. од Скопје и физичко лице В. У. од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело даночно затајување, со намера да одбегне целосно плаќање данок во износ од 829.568 денари. Лицето В. У. е осомничена како организатор на набавка на тутун во лист од странство и продажба на истиот во Република Македонија, за што го користи осомниченото правно лице, а за истата услуга му исплаќа одредена сума во готово на одговорното лице за користење на правното лице. На овој начин во текот на 2013 година извршен е увоз на 4 камиони тутун во лист во вкупна количина од 54.594 кг нето тутун во лист од типот Вирџинија со вкупна вредност 121.068 евра, кои по увозното царинење се преземани од непознати лица кои ги договарала осомничената В. У. На барање на Одделението за истраги Управата за јавни приходи спроведе контрола на осомниченото правно лице, со која се утврди дека увозникот не презентирал документи, фактури или извозни царински декларации од кои може да се утврди дека стоката ја напуштила територијата на Република Македонија и е продадена во странство, односно не е приложен соодветен веродостоен документ за отуѓување на увезената стока. Согласно одредбите од Законот за персонален данок на доход приходот добиен од продажба на залихата претставува лично примање, на кое што од страна на Управата за јавни приходи е пресметан персонален данок на доход на износ од 829.568 денари.Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Криумчарење“, „Неовластено пр

Пронајдете не на следниве мрежи: