Подобрете ја меморијата и изострете го умот со ментални вежби

Долгиот живот веќе и не е некаква радост ако почнувате да ги заборавате работите. За среќа, колку и да сте стари, можете да го сочувате памтењето и бистриот мозок ако секојдневно правите ментални вежби.Бидете истрајни во секојдневните вежби и до крајот на месецот ќе почувствувате дека меморијата ви се подобрува, препорачува американската програма „2011 Longevity Program.“
Научниците веќе имаат докажано дека човечкиот мозок има чудесни способности за регенерација и прилагодливост. Со вистинските вежби, мозокот може да создаде нови невронски врски и да го зголеми когнитивниот капацитет, поради што подобро ќе учи и памети.
До зрелото доба, мозокот веќе има создадено милиони невронски врски со чија помош решавате разни проблеми и обработувате информации. Но, тоа не смее да ве задоволи, бидејќи на мозокот му требаат нови стимуланси за правилен развој. Но, имајте само една работа на ум: активноста која што ќе ја изберете треба да биде нешто ново.
Доколку изберете нешто во што веќе сте добри, дури и тоа да е интелектуално тешко – не е најдобар избор за ментални вежби. Пробајте секојдневно да вежбате, отприлика во исто време, бидејќи така побрзо ќе развивате нови невронски врски.Бидете истрајни во секојдневните вежби и до крајот на месецот ќе почувствувате дека меморијата ви се подобрува, препорачува американската програма

Пронајдете не на следниве мрежи: