Во многу случаи, подочниците не укажуваат на здравствен проблем. Меѓутоа, факт е дека на многу луѓе им пречат и создаваат грижи, што дури може негативно да се одрази на квалитетот на нивниот живот.Медицинското име е „периорбитална хиперпигментација”, а бидејќи појавата не е приоритет на дерматолошките истражувања, за неа не се знае многу.
Тоа што го знаеме е дека кожата под очите е исклучително тенка и провидна, што значи дека крвните садови во тој предел се гледаат, па со самото тоа кожата делува потемно.
Хејли Голдбах, дерматолог на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес, укажува на тоа дека подочниците можат да значат дека лицето има темен пигмент под очите, дека постои ефект на сенка, или дека се видливи крвните садови под тој дел од кожата.
При прегледот на пациентите им се затегнува кожата. Ако проблемот стане поизразен тогаш тоа укажува дека причината е во крвните садови, ако се намали, се работи за опуштена кожа. Меѓу носот, очите и образите се наоѓа солзен канал преку кој солзите течат од очите.
„Со години се намалува количината на маснотиите под површината на кожата“ – објаснува Голдбах, а како последица на тоа солзниот канал делува подлабоко. Се работи за еден вид на оптичка измама. Кожата која делува темно всушност е последица од начинот на кој светлината се одбива од површината на лицето.
При утврдувањето на причината од која имаме подочници, дерматолозите се раководат и според нивната боја. Ако се синкасти, розеви или црвенкасти, тогаш причината е во крвните садови, ако се со смеѓа боја, тогаш во кожата постои вишок меланин, што можеби е и најретка причина.
Меѓутоа, дерматолозите истакнуваат дека подочниците најчесто се последица на истенчување на поткожното (масно) ткиво со стареењето. Тоа е и причина што луѓето со кеси под очите често делуваат изморено.
Меѓутоа, подочниците можат да бидат и резултат на недоволно спиење.
„Кесите под очите можат да настанат и од едем, т.е. оток” – објаснува експертот.
И солената храна може да доведе до отекување на очите, па ако пред спиење сте изеле солен помфрит не се изненадувајте ако се разбудите со кеси под очите.
И изложувањето на ултравиолетово зрачење го зголемува проблемот, исто како и стресот, алкохолот и пушењето, иако ниту едно од овие тврдења не е научно докажано. Искуството покажува дека може да биде последица од алергија, која нѐ тера да ги триеме очите или да ни солзат, барем кога станува збор за кратка, минлива појава на подочници.
Бидејќи станува збор за минлива појава, поради огромниот број на можни причини, како и поради тоа што многу дерматолози го доживуваат како примарано козметички и естетски проблем, нема доволно научни истражувања кои би пружиле задоволителни информации за ефикасно лечење.
За третман на подочници се користат креми за избелување, хемиски пилинг и терапија со ласер. Од печурки и екстракт од круши се добиваат киселини кои се користат за нивно ублажување. Освен тоа, постојат супстанции кои се вбризгуваат во кожата и имаат функција на филтер, а се применуваат и во хируршки методи.
Некои дерматолози нанесуваат витамин Ц на кожата, додека други препорачуваат крема за сончање и очила со УВ заштита.Медицинското име е „периорбитална хиперпигментација”, а бидејќи појавата не е приоритет на дерматолошките истражувања, за неа не се зна