Твитер креира нова функција која ќе им овозможи на корисниците да твитуваат пораки подолги од 140 карактери, колку што изнесува досегашниот лимит, а покренувањето на новата услуга се планира кон крајот на првиот квартал од 2016 година, објави порталот RE/code.Твитер моментално разгледува ограничувањето да биде 10.000 карактери, изјавиле повеќе неименувани извори запознаени со плановите на компанијата.
Тоа е ист лимит за карактери кои компанијата ги користи за приватните пораки, така што не би требало да претставува потполно изненадување. Сѐ уште не е потврден официјалниот датум за лансирање.
Исто така, можни се варијации во врска со лимитот на бројот на карактери пред точно да биде определен финалниот производ, кој луѓето од Твитер го нарекуваат „Над 140“, се наведува во текстот. Твитер моментално разгледува ограничувањето да биде 10.000 карактери, изјавиле повеќе неименувани извори запознаени со плановите на компанијата.