Подолго време гледаме во мобилниот, отколку во саканата личност

„Паметните“ телефони ни станаа незаменлива играчка, а дневно повеќе време поминуваме гледајќи во нив, отколку во саканата личност.
Анкетата на мобилната компанија О2 покажала дека се повеќе време поминуваме во виртуелниот свет отколку во реалниот.
Големата опседнатост со мобилните телефони се објаснува преку можностите кои ги имаат како сурфање на интернет, посетување социјални мрежи, слушање музика. Тука се и игрите, телефонирање и праќање пораки и е-мејлови.
Smart телефоните заменија многу апарати како компјутерот, телевизорот и останатата технологија, па затоа се повеќе време поминуваме со овие направи.
Во анкета спроведена на 2000 лица, 57% од нив веќе не користат будилник, туку за таа намена го користат мобилниот. Истото важи и за рачниот саат кој стана моден детал, а не потреба. Околу 46% од анкетираните луѓе се изјасниле дека наместо фотоапарат користат мобилен.
Според анкетата, паметните телефони ни стануваат се подраги. Во нив гледаме многу повеќе отколку во саканата личност затоа што просечен корисник на мобилен телефон поминува 119 минути гледајќи во екранот во текот на денот, додека во партнерот само 97 минути.„Паметните“ телефони ни станаа незаменлива играчка, а дневно повеќе време поминуваме глед

Пронајдете не на следниве мрежи: