Подршка за Филип Петровски со факти!

Зошто некои во своите злобни намери патриотизмот го мешаат со радикализам во негативна смисла на зборот. Затоа сакам да поставам неколку јавни прашања. Зарем нашите Македонски народни патриотски песни треба да ги нарекуваме Македонски радикални песни?
Дали нашите музички фестивали како Гоце Фест промовираат радикална пропагандна содржина?
Дали да го сакаш својот народ од кој потекнуваш и потекнувале твоите прадедовци е Радикализам или лојална лубов кон корените?
Дали почитта на жртвата на млади момчиња како Никола Карев, кој на своја 28 годишна возраст загина за идејата на ВМРО треба да се покрива со пропаганда дека не е битна историјата туку само иднината 
(куќа без темел)..?
Дали голата борба за власт без стратегија и идеја не одведе напред како Македонци или не доведе до ивица на бездна?
Што остана од Асномска Македонија откако овие кои ја имаат окупирано Државата не водат?
Дали нашата цел е богата и силна Македонија или оваа држава која нема да биде Македонија затоа што ќе има друго име, по секоја цена да стане ЕУ и НАТО слуга?
Дали сите политички пазари до сега од: Давањето на 150000 државјанста на непостоечки Албанци и Криминалната приватизација, Промена на уставот 2001, преку териротијалната поделба 2004, промена на уставот во делот на јазикот 2008 и 2011 и Амнестијата на оние кои киднапираа, масакрираа и убиваа Македонци 2001 до денешните случувања не води напред или во пропаст?
Затоа што Филип Петровски секогаш беше противник на сите овие криминални и национални предавства беше прогласен за радикален и неподобен за партијата, но тој својата борба не ја сопре тука и во знак на револт замина од ДПМНЕ но не замина од ВМРО и се обидуваше на секој начин да ја врати партијата кон идеолошката матрица и корените борејќи се сам против сите.
2001 година додека Лубчо Ѓорѓиевски и Никола Груевски тераа бизнис и го продаваа Телеком, Филип беше со пушка во рака, рамо до рамо со својот народ во Тетовско, како војник херој давајќи ни сила да издржиме.
Затоа што своето семејство и својот дом не го гради во Германија или Америка туку во Македонија како нас!
Ете заради сите овие факти и многу повеќе со чиста совест и слободоумно можам да кажам дека само Филип Петровски има сила и доверба кај народот да ја води ВМРО ДПМНЕ и Македонија!!!
“Филип наш Македонски” народот те сака тебе!!! Зарем нашите Македонски народни патриотски песни треба да ги нарекуваме Македонски радикални песни?
Дали нашите музички фестивали како Гоце

Пронајдете не на следниве мрежи: