Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,25, односно за 2,35 отсто.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 65, а на ЕУРОСУПЕР БС- 98, 67 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 50,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 39 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,319 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 5,636 денари за килограм
Како причина за намалувањето на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 1,71 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 2,27 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,25, односно за 2,35 отсто.