Поезија од Јовица Тасевски – Етернијан објавена на арапски јазик

Песната „Пир вознемир“ од Јовица Тасевски-Етернијан, преведена на арапски јазик, заедно со био-библиографија на авторот, неодамна беше објавена како песна на денот во културната рубрика на ирачкиот дневен весник „Ал-Сабах Ал-Џадид“ (Ново утро). 
Во био-библиографската белешка се истакнува дека Јовица Тасевски-Етернијан е поет од Македонија, чии песни се објавени во голем број списанија и антологии во светот и дека неговата поезија е преведена на повеќе јазици.
Стиховите на Етернијан на арапски ги преведе и био-библиографската белешка ја состави познатиот поет и преведувач Саед Гоуда.
„Ал-Сабах Ал-Џадид“ е еден од водечките независни ирачки весници на арапски јазик што се печати во Багдад и истовремено се објавува на интернет. 
Поезија од Етернијан во превод на арапски јазик претходно беше објавена во египетското списание за литература „Надвах“, во универзитетското ирачко списание за култура „Алманар“ и во рубриката „Литература“ на популарниот палестински културно-информативен портал „Заитона“.
Линкови со информации:
https://www.newsabah.com/wp/newspaper/82117
https://islamopediaonline.org/websites-institutions/al-sabah-al-jadid
  
Во био-библиографската

Пронајдете не на следниве мрежи: