Поезија од Јовица Тасевски-Етернијан, во оригинал на македонски и препеана на англиски јазик, е објавена во новиот број на британското книжевно списание „Калина Ривју“. Песните на Етернијан ги избра, ги препеа на англиски и белешката за авторот ја состави познатата американска поетеса Џудит Скилман.
Во воведот на списанието уредниците истакнуваат: „Јовица Тасевски-Етернијан, вешто преведен од страна на Џудит Скилман, е македонски автор со природна моќ. Неговото дело има митски квалитети на сакрален текст и може да ве поттикне да помислите на некои поети од Источна Европа како Васко Попа или Мирослав Холуб“. Во белешката за поетот, пак, се истакнува дека „песните на Јовица Тасевски-Етернијан се одликуваат со оригинални слики, богат фигуративен јазик и повеќеслојни значења; тие извираат од моќна поетска имагинација“.
Уредници на списанието „Калина Ривју“ се реномираниот британски преведувач и поет со украинско потекло, Стив Комарницкиј, добитник на награда за препев од Англискиот ПЕН-центар и преведувачката Сузи Спејт.Јовица Тасевски-Етернијан е автор на шест поетски книги, а неговата поезија е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во над дваесет држави.
Во воведот на списанието уредниците истакнуваат: „Јовица Тасевски-Етернијан, вешто преведен од страна на Џудит Скилман, е маке