Поезија од Јовица Тасевски-Етернијан е вклучена во новиот, специјален тематски број на австралиското универзитетско списание „Виндмилс“ што претставува своевиден антологиски избор од современата светска книжевност со имагинарни и чудесни теми и мотиви. Mакедонскиот поет е единствениот европски автор застапен во списанието, а освен од него се објавени избрани песни и раскази од дваесетина современи автори од Австралија, САД и Канада. Во објавениот прилог се истакнува: „Песните на Етернијан се карактеризираат со впечатлива сликовитост, иновативен израз и збиен јазик со преплетени значења, алузии и неочекувани конотации“.
Списанието го издава Универзитетот „Диакин“ и е вклучено во наставата по креативно пишување.
Јовица Тасевски-Етернијан е автор на шест поетски и две критичко-есеистички книги, а неговата поезија е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во над дваесет држави.Во објавениот прилог се истакнува: „Песните на Етернијан се карактеризираат со впечатлива сликовитост, иновативен израз и збиен јазик со преп