Погибелот на Карангелевски, Ангелариј, Мијалков потписот на КОС

Во текот на целото битисување на СР Македонија и за време на распадот на СФРЈ постојано имало, најблаго речено, чудни загинувања на познати Македонци, кои во својата работа ставале повеќе „македонско“ отколку „југословенско“Чуд­ни­от ка­ми­он кој на­ед­наш за­пи­ра или лов­на­та пу­шка ко­ја го по­го­ду­ва ло­ве­цот на­ме­сто ди­ва­та сви­ња.Ова се два на­чи­на на кои мно­гу че­сто ги­неа поз­на­ти деј­ци на по­ли­тич­ка­та сце­на во по­ра­неш­на­та ју­гос­ло­вен­ска за­ед­ни­ца. Вед­наш по­тоа сле­ду­ва­ше со­оп­ште­ние за несре­ќен слу­чај за смрт­та на на­род­ни­от хе­рој, ко­ме­мо­ра­ции, ми­ну­та мол­че­ње- свечен по­греб и тол­ку. По­тоа слу­ча­јот ста­ну­ва­ше не­о­фи­ци­јал­на за­бра­не­та те­ма.Но, ова не бе­ше слу­чај са­мо во Ма­ке­до­ни­ја ка­ко ед­на од по­ра­неш­ни­те југословенски ре­пуб­ли­ки. Хр­ва­ти­те, исто та­ка, има­ат мно­гу што да ка­жат за ликвида­ци­и­те на нив­ни па­три­о­ти во ми­на­то­то.Во ова до­сие ќе разг­ле­да­ме три при­ме­ри од ми­на­то­то во кои е јас­но во­оч­лив т.н. пот­пи­сот на Кон­тра­ра­зуз­на­вач­ка­та служ­ба на Ју­гос­ла­ви­ја (КОС). Служ­ба­та чи­ја суро­вост и бе­скру­пу­лоз­ност ста­наа мит­ски во по­ра­неш­на­та др­жа­ва, но и зад чие дејс­тву­ва­ње има мно­гу вал­ка­ни ра­бо­ти. Иа­ко, пр­венс­тве­но, соз­да­де­на ка­ко по­се­бен дел од тре­то­то од­де­ле­ние на ОЗ­НА (Од­де­ле­ние за за­шти­та на на­ро­дот) по завршува­ње­то на Вто­ра­та свет­ска вој­на, КОС до смрт­та на Ти­то во 1980 го­ди­на се сме­та­ше за не­го­ва лич­на гар­да, а по не­го за служ­ба во ко­ја Ср­би­те имаа доминантна уло­га. Ка­ко и оста­на­ти­те тај­ни служ­би во све­тот, та­ка и КОС има­ше сво­ја шко­ла во ко­ја опе­ра­тив­ци­те беа обу­чу­ва­ни за вр­ше­ње ли­кви­да­ции, ка­ко и зата­шку­ва­ње на тие ли­кви­да­ции со на­вод­ни не­сре­ќи. Два­та при­ме­ра на по­че­то­кот од овој текст се опи­ша­ни во мно­гу кни­ги на по­ра­неш­ни при­пад­ни­ци на оваа служ­ба (ка­ко, на при­мер, на не­ко­гаш­ни­от неј­зин ко­ман­дант Јо­ван Ка­пи­џиќ).Ко­га ќе се пог­лед­нат де­та­ли­те, не­ве­ро­јат­на е слич­но­ста во за­ги­ну­ва­ње­то на македон­ски­те деј­ци, ге­не­рал-пол­ков­ник Ва­ско Ка­ран­ге­лев­ски, ар­хи­е­пи­ско­пот македонски и охрид­ски, г.г. Ан­ге­ла­риј, и ми­ни­сте­рот за вна­треш­ни ра­бо­ти Јор­дан Ми­јалков.

 
Ге­не­ра­лот што са­ка­ше ма­ке­дон­ска те­ри­то­ри­јал­на од­бра­наВа­ско Ка­ран­ге­лев­ски (1921-1977) е ма­ке­дон­ски во­ин, ге­не­рал-пол­ков­ник и на­ро­ден хе­рој. Ро­ден е во би­тол­ско­то се­ло Брус­ник, ка­де што мно­гу ра­но актив­но се вклу­чил и ста­нал член на СКОЈ (Со­јуз на ко­му­ни­стич­ка­та мла­ди­на на Ју­гос­ла­ви­ја). Ко­га се фор­ми­рал пр­ви­от Пар­ти­зан­ски одред во брус­нич­ки­от ре­ги­он, во 1942 го­ди­на, Каран­ге­лев­ски вед­наш се вклу­чил во не­го. Одре­дот нај­пр­во из­ве­ду­вал по­ма­ли дивер­зант­ски ак­ции снаб­ду­вај­ќи се на тој на­чин со оруж­је и со му­ни­ци­ја. Мла­ди­от Каран­ге­лев­ски по­себ­но се истак­нал со сво­ја­та хра­брост, па ста­нал ко­ман­дир на чета. Во те­кот на зи­ма­та во 1943 го­ди­на со ба­тал­јо­нот „Стив На­у­мов – учествувал во пар­ти­зан­ски­те ак­ции од Егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја, па сѐ до Коз­јак. Повторно ка­ко истак­нат бо­рец и офи­цер, во фе­вру­а­ри 1944 го­ди­на до­бил ко­манд­на функ­ци­ја овојпат ка­ко ко­ман­дант на ба­тал­јон во Тре­та­та удар­на бри­га­да. Оваа бри­га­да учеству­ва­ла во про­лет­на­та офан­зи­ва по ко­ја зна­чи­тел­но се зго­ле­ми­ла сло­бод­на­та те­ри­то­ри­ја во Ма­ке­до­ни­ја. Од Тре­та­та удар­на бри­га­да се од­де­лил еден ба­тал­јон, кој за­ми­нал во источ­на Ма­ке­до­ни­ја. На­ско­ро на тој те­рен се фор­ми­ра­ла Че­твр­та­та бри­га­да, a Ка­ран­ге­лев­ски ста­нал за­ме­ник-ко­ман­дант. По­доц­на иста­та долж­ност ја вр­шел и во Пет­та­та и во Сед­ма­та ма­ке­дон­ска на­род­но ос­ло­бо­ди­тел­на бри­га­да. Кра­јот на вој­на­та го до­че­кал ка­ко ко­ман­дант на Че­ти­ри­е­сет и де­вет­та­та ма­ке­дон­ска ди­ви­зи­ја. По ос­ло­бо­ду­ва­ње­то бил офи­цер со чин ге­не­рал во ЈНА. Стиг­нал до највисо­ки­от во­ен чин ге­не­рал-пол­ков­ник.Ге­не­рал Ка­ран­ге­лев­ски ва­жел за еден од најс­по­соб­ни­те офи­це­ри во ЈНА (за вре­ме на вој­на­та, еди­ни­ци­те под не­го­ва ко­ман­да ги до­би­ле ре­чи­си си­те би­тки). По пр­ви­от и единс­твен Ма­ке­до­нец на­чал­ник на Ге­не­рал­шта­бот на ЈНА, Ми­хај­ло Апо­стол­ски, ге­не­рал Ка­ран­ге­лев­ски бил единс­тве­ни­от ма­ке­дон­ски кан­ди­дат за нај­ви­со­ка­та коман­да врз ју­гос­ло­вен­ска­та вој­ска (спо­ред то­гаш­ни­от си­стем на ро­та­ци­ја). Но, не го по­ста­ви­ле. На­ме­сто тоа, бил дол­го вре­ме ко­ман­дант на Скоп­ска­та ар­ми­ска област (по­доц­на пре­и­ме­ну­ва­на ка­ко Тре­та ар­ми­ска об­ласт).Ка­ран­ге­лев­ски е офи­цер кој за­бе­ле­жал ка­ко ЈНА сѐ по­ве­ќе прет­ста­ву­ва срп­ска арми­ја би­деј­ќи огром­но­то мно­зинс­тво офи­це­ри (ду­ри две тре­ти­ни) би­ле Ср­би. Ка­ко ре­ак­ци­ја на тоа, тој ба­рал еди­ни­ци­те на Те­ри­то­ри­јал­на од­бра­на да би­дат составени са­мо од при­пад­ни­ци на ре­пуб­ли­ки­те во кои се на­о­ѓа­ат тие еди­ни­ци. Тоа би зна­че­ло во ма­ке­дон­ска­та те­ри­то­ри­јал­на од­бра­на да слу­жат са­мо Ма­ке­дон­ци, иде­ја ко­ја во­оп­што не му се до­пад­на­ла на ра­ко­водс­тво­то во Бел­град. Тај­но-во­е­на­та ко­ман­да на ЈНА (ве­ќе комп­лет­но во ра­це­те на Ср­би­те) го по­ста­ву­ва Ра­тко Мла­диќ, де­нес до­бро поз­на­ти­от срп­ски на­ци­о­на­лист и во­ен зло­стор­ник од бо­сан­ска­та вој­на, за не­о­фи­ци­ја­лен ко­ман­дант на Скоп­ска­та ар­ми­ска об­ласт, кој има сопс­тве­на еки­па на аген­ти на КОС во Ма­ке­до­ни­ја.Ка­ран­ге­лев­ски е уби­ен во 1977 го­ди­на на па­ди­ни­те на пла­ни­на­та Ка­ра­џи­ца до­де­ка со при­ја­те­ли­те бил на лов. Ток­му еден од нив по гре­шка, ка­ко што е офи­ци­јал­но сооп­ште­но, пу­кал во не­го и го убил. Ин­те­рес­но е тоа што по истра­га­та во­оп­што не еиз­вр­ше­но ба­ли­стич­ко ве­шта­че­ње на ору­ди­ја­та. Би­деј­ќи убис­тво­то го на­пра­вил бли­зок при­ја­тел на Ка­ран­ге­лев­ски, јав­но­ста лес­но би­ла убе­де­на де­ка ста­ну­ва збор за не­сре­ќен слу­чај. Окол­но­сти­те на слу­ча­јот се мош­не сом­ни­тел­ни, осо­бе­но што дел од лов­ци­те по­доц­на се осу­де­ни на дол­го­го­диш­ни за­твор­ски каз­ни за дру­ги убис­тва. Се­пак, до де­нес не­ма нај­а­ви за отво­ра­ње но­ва истра­га.По не­го­ва­та смрт, Мла­диќ е по­ста­вен за ко­ман­дант на Скоп­ска­та ар­ми­ска об­ласт. Ко­га из­би­ја вој­ни­те во Ју­гос­ла­ви­ја, Мла­диќ бе­ше пре­ко­ман­ду­ван во Бос­на. Не­го­ви­те зло­де­ла та­му се до­бро поз­на­ти.

 
Ар­хи­е­пи­ско­пот што им пре­че­ше на срп­ски­те ар­хи­је­реиЦве­тко Кр­стев­ски, поз­нат ка­ко г.г. Ан­ге­ла­риј, бе­ше вто­ри­от ар­хи­е­пи­скоп на Македон­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква и пр­ви­от на на­ша­ва ли­ста што за­ги­нал по познати­от си­стем на со­о­бра­ќај­на не­сре­ќа со ка­ми­он. Ро­ден е на 25 март 1911 годи­на во се­ло­то Дол­не­ни, При­леп­ско и по­тек­ну­ва од све­ште­нич­ко се­мејс­тво. Бил учес­ник во На­род­но-ос­ло­бо­ди­тел­на­та бор­ба, член на Ини­ци­ја­тив­ни­от од­бор за орга­ни­зи­ра­ње на МПЦ во 1945 го­ди­на и член на Здру­же­ни­е­то на пра­вос­лав­но­то све­штенс­тво на На­род­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Учес­тву­вал во ра­бо­та­та на Пр­ви­от цр­ков­но-на­ро­ден со­бор во Скоп­је во 1945 го­ди­на и на Све­ште­нич­ка­та конференција во 1946 го­ди­на. За сво­и­те зас­лу­ги бил од­ли­ку­ван со цр­вен по­јас, со гра­ден крст во 1959 го­ди­на и со нај­ви­со­ко­то све­ште­нич­ко од­ли­ку­ва­ње – про­то­је­реј ста­вро­фор.
Тој ста­ну­ва по­себ­но ин­те­ре­сен за ју­гос­ло­вен­ски­те вла­сти за­тоа што е македонскиот све­ште­ник што го поч­нал ос­но­ва­ње­то на ма­ке­дон­ски­те пра­вос­лав­ни оп­шти­ни во све­тот. Тие по­доц­на ста­ну­ва­ат цен­три на ма­ке­дон­ска­та еми­гра­ци­ја, осо­бе­но на па­три­о­ти­те кои са­ка­ат не­за­вис­на и обе­ди­не­та Ма­ке­до­ни­ја. Од 1961 до 1964 го­ди­на, ка­ко па­ро­хи­ски све­ште­ник бил ме­ѓу Ма­ке­дон­ци­те во Мел­бурн, Австрали­ја, ка­де што ја ос­но­вал пр­ва­та ма­ке­дон­ска пра­вос­лав­на цр­ков­на оп­шти­на, ка­де што е из­гра­де­на пр­ва­та ма­ке­дон­ска цр­ква во ди­јас­по­ра­та. По вра­ќа­ње­то од Мел­бурн, во 1964 го­ди­на ра­бо­тел во цр­ква­та „Све­то Бла­го­ве­ште­ние“ во При­леп. Се за­мо­на­шил во 1972 го­ди­на. Усто­ли­чен е за епи­скоп пе­ла­го­ни­ски во 1975 го­ди­на, за де­бар­ско-ки­чев­ски ми­тро­по­лит е хи­ро­то­ни­сан на 5 ју­ли 1977 го­ди­на, а за охрид­ски и ма­ке­дон­ски ар­хи­е­пи­скоп и скоп­ски ми­тро­по­лит е из­бран на 19 август 1981 го­ди­на.Офи­ци­јал­но за­ги­нал во со­о­бра­ќај­на не­сре­ќа на 15 ју­ни 1986 го­ди­на во Дре­нов­ска­та Кли­су­ра, на па­тот При­леп 8211; Скоп­је. Спо­ред офи­ци­јал­ни­от по­ли­ци­ски из­ве­штај, авто­мо­би­лот во кој пр­ви­от чо­век на МПЦ бил пат­ник, удрил во ци­стер­на со срп­ски ре­ги­стар­ски таб­лич­ки. Има­ло кра­тка истра­га во ко­ја е кон­ста­ти­ра­на не­сре­ќа.А, еве ка­ко се слу­чи­ла не­сре­ќа­та спо­ред ка­жу­ва­ње­то на не­го­ви­от син Дра­гос­лав Крсте­ски, за вре­ме на од­бе­ле­жу­ва­ње­то на 100 го­ди­ни од ра­ѓа­ње­то на Ан­ге­ла­риј во цр­ква­та „Све­то Бла­го­ве­ште­ние“:„За­ги­на во 1986 го­ди­на на па­тот При­леп 8211; Град­ско. Од ед­на­та стра­на го удри ка­ми­он­че што пре­ве­зу­ва­ло до­ма­ти, а од дру­га­та ка­ми­он, кој на­вод­но не­мал сопирач­ки. Пред тоа слу­же­ше во род­но­то се­ло Дол­не­ни. И ден-де­не­ска се сомневаме де­ка бе­ше на­ме­сте­но, де­ка бе­ше ми­сте­ри­оз­на смрт. Иа­ко на су­де­ње­то во Ка­ва­дар­ци ги осу­ди­ја, каз­ни­те што им беа изре­че­ни беа ма­ли. Не до­бив­ме надомест, а го за­гу­бив­ме нај­ми­ли­от. Не­го­ва­та смрт до­крај не е рас­чи­сте­на“.

 
Ни­што но­во во истра­га­та за Ми­јал­ковНа 19 де­кем­ври 1991 го­ди­на во Со­бра­ни­е­то се одр­жу­ва­ше сед­ни­ца по по­вод деклара­ци­ја­та на то­гаш­на­та  Европ­ска­та за­ед­ни­ца и неј­зи­ни­те зем­ји-член­ки донесе­на на 16 де­кем­ври таа го­ди­на во Бри­сел. Дек­ла­ра­ци­ја­та за Ју­гос­ла­ви­ја и Дек­ла­ра­ци­ја­та за пре­по­ра­ки­те за приз­на­ва­ње на но­ви­те др­жа­ви од Источ­на Евро­па и од Со­вет­ски­от Со­јуз, со што беа по­ста­ве­ни ус­ло­ви­те за приз­на­ва­ње на оние југосло­вен­ски ре­пуб­ли­ки што ќе го по­ба­ра­ат тоа. При­тоа, ка­ко ус­ло­ви за признавање на но­во­соз­да­де­ни­те др­жа­ви беа фор­му­ли­ра­ни кри­те­ри­у­ми ка­ко прав­на др­жа­ва, чо­ве­ко­ви пра­ва, де­мо­кра­ти­ја и вла­де­е­ње на пра­во­то. Оваа дек­ла­ра­ци­ја беше ос­но­ва­та за фор­ми­ра­ње­то на поз­на­та­та Ба­ден­те­ро­ва ко­ми­си­ја, ко­ја, ка­ко што е поз­на­то, утвр­ди де­ка са­мо Ма­ке­до­ни­ја и Сло­ве­ни­ја ги ис­пол­ну­ва­ат ус­ло­ви­те за приз­на­ва­ње.Приб­лиж­но во исто вре­ме во Скоп­је, двај­ца по­ра­неш­ни ко­ле­ги имаа раз­го­вор. Едниот бе­ше Јор­дан Ми­јал­ков, пр­ви­от ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и по­ра­не­шен при­пад­ник на КОС, а дру­ги­от Але­ксан­дар Ва­си­ље­виќ, акту­е­лен шеф на оваа служ­ба. Што е раз­го­ва­ра­но оста­на ми­сте­ри­ја, но факт е де­ка Ма­ке­до­ни­ја во тој пер­и­од по­ба­ра ме­ѓу­на­род­но приз­на­ва­ње, а Ми­јал­ков бе­ше еден од ор­га­ни­за­то­ри­те на пов­ле­ку­ва­ње­то на ма­ке­дон­ски­те вој­ни­ци од ју­гос­ло­вен­ски­те бо­и­шта.Но, да се вра­ти­ме на Со­бра­ни­е­то. Во еден мо­мент пре­тсе­да­те­лот Сто­јан Ан­дов ја пре­ки­на сед­ни­ца­та за да ги ин­фор­ми­ра пра­те­ни­ци­те де­ка за­ги­нал ми­ни­сте­рот за вна­треш­ни ра­бо­ти во бли­зи­на на Вра­ње на пат да се срет­не со со­јуз­ни­от ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти Пе­тар Гра­ча­нин. Има­ше ед­но­ми­нут­но мол­че­ње, по­тоа бе­ше фор­ми­ра­на ко­ми­си­ја, ко­ја без за­бе­ле­шки го при­фа­ти из­ве­шта­јот на срп­ска­та сообра­ќај­на по­ли­ци­ја. Ка­ко се мо­же­ло та­ка бег­ло да се по­ми­не пре­ку смрт­та на мини­стер, до ден-де­нес е не­сфат­ли­во.Во 2007 го­ди­на МВР, на чи­ја без­бед­нос­на служ­ба се­га е шеф не­го­ви­от син Са­шо Ми­јал­ков, отво­ри истра­га за оваа со­о­бра­ќај­ка. Спо­ред из­ве­шта­и­те од срп­ски­те власти, вр­не­ло снег, а во­за­чот на Ми­јал­ков во­зел бр­зо. При раз­ми­ну­ва­ње со дру­го во­зи­ло, авто­мо­би­ли­те се су­дри­ле, служ­бе­ни­от авто­мо­бил се из­вр­тел, по што некол­ку па­ти се уди­рал во огра­да. Вла­сти­те кон­ста­ти­ра­ле гре­шка на во­за­чот на министе­рот Ми­јал­ков.Всуш­ност, Јор­дан Ми­јал­ков не по­чи­нал од уда­рот. Тој из­ле­гол од ко­ла­та и ви­кал за по­мош. Но, срп­ска­та по­ли­ци­ја, на­ме­сто да го пре­не­сат во Скоп­је или во Бел­град, го од­не­ла во бол­ни­ца­та во Вра­ње. Ми­јал­ков, всуш­ност, по­чи­нал од пост­тра­у­мат­ски стрес пре­диз­ви­кан од бол­ки­те од скр­ше­ни­те ко­ски, а не од по­вре­ди на ви­тал­ни орга­ни за­тоа што при об­дук­ци­ја­та та­кви не би­ле про­нај­де­ни. Пре­ми­е­рот Гру­ев­ски тоа го по­твр­ди во ед­на при­го­да, а од срп­ска­та по­ли­ци­ја до­би­ле не­ве­ро­јат­но објаснување, спо­ред кое, не го од­не­ле во Бел­град или во Скоп­је би­деј­ќи не­ма­ле бен­зин.Се­пак, за­се­га не­ма но­ви мо­мен­ти во истра­га­та, ка­ко што ве­ли Иво Ко­тев­ски, портпа­ро­лот на МВР.Два­е­сет го­ди­ни се долг пер­и­од, до­во­лен за да се скри­јат тра­ги­те за Ан­ге­ла­риј, а за Ка­ран­ге­лев­ски е уште по­дол­го. Што не зна­чи де­ка не тре­ба да се истра­жу­ва. Тоа е долг не са­мо кон се­мејс­тва­та, ту­ку и кон ма­ке­дон­ски­от на­род.
Извор:  Република Чуд­ни­от ка­ми­он кој на­ед­наш за­пи­ра или лов­на­та пу­шка ко­ја го по­го­ду­ва ло&

Пронајдете не на следниве мрежи: