Новите мобилни телефони ни нудат одлични екрани со висока резолуција, но секогаш е присутен стравот дека некогаш и некаде ќе ги изгребеме и тоа скапо ќе не чини. Кое е решението во овој случај?Решението најчесто доаѓа во форма на фолија која се лепи на предната (и понекогаш задната) страна на телефонот. Овие фолии чинат од 100-тина па се до неколку илјади денари, а ни ветуваат дека ќе го заштитат телефонот и ќе ни понудат помала рефлексија на екранот и слични предности. Проблемот е што ретко ги исполнуваат ветувањата…
Неодамна имавме прилика да се запознаеме со фолии за екрани изработени од стакло. Се прашувате која е предноста овде?
Пред се, екраните на денешните најдобри телефони, како Samsung Galaxy S5, iPhone 5s и Google Nexus 5 се изработени од одреден вид на стакло. Бидејќи се изработени од скоро идентичен материјал, една предност е изгледот и респонзивноста на самата фолија – нема воопшто да забележите дека се наоѓа на вашиот телефон.
Дополнителна предност е тоа што сте заштитени многу повеќе од обичната фолија, бидејќи материјалот е поцврст при допир со други (остри) објекти и падови. Фолиите се обложени со посебен слој против отпечатоци и други дамки, еден од најголемите проблеми кај обичните фолии кои секогаш мора да ги бришеме со посебно крпче.
Дознајте повеќе на gsm.mkРешението најчесто доаѓа во форма на фолија која се лепи на предната (и понекогаш задната) страна на телефонот. Овие фолии чинат од 100-тина па се