Адемир Гогиќ, гледајќи од свој агол, направи одличен краткометражен филм кој покажува како тој го гледа распадот на поранешната заедничка земја – Југославија.- Фотографијата и филмот се моја голема страст. Покрај таа љубов, дојдов до идеја да пратам порака до сите млади на овие простори да гледаат напред во иднината и да го искористиат целиот интелект за да изградат подобро утре, вели Гогиќ за хрватски „Индекс“.
Според неговите зборови, девојката во филмот ја претставува Југославија, собира шест ружи кои ги претставуваат шесте републики и ги обединува во еден букет. Шесте војници претставуваат шест фактори кои, според мислењето на Гогиќ, ја убиле Југославија.
Во филмот играат: Ерна Ахметспахиќ, Бенџамин Крехо, Алдин Чамджиќ, Тарик Чамджиќ, Фехо Зекиќ, Фарук Гојачиќ, Јасмин Мазаловиќ, Дарис Омербашиќ, Адиха Селимбашиќ.
– Фотографијата и филмот се моја голема страст. Покрај таа љубов, дојдов до идеја да пратам порака до сите млади на овие простори да гледаат напред