Португалските медиуми се позанимаваа со формирање на еден интересен фудбалски тим.
Имено, португалскиот весник „A Bola“, објави тим во кој се наоѓаат играчи со најголеми годишни плати во светот на фудбалот. Во почетниот состав според весникот се наоѓаат по двајца играчи од Реал Мадрид, Челзи, Баерн Минхен и Манчестер Сити, додека по еден играч имаат Анжи, Пари Сен Жермен и Барселона. Формацијата на тимот е 4-3-3, а тој изгледа вака: Икер Касиљас (Реал, 6 млн.евра годишно), Филип Лам (Баерн Минхен, 10), Тијаго Силва (ПСЖ, 9,8), Џон Тери (Челзи, 9,5), Ешли Кол (12) – Јаја Туре (ман.Сити, 13), Франк Рибери (Баерн, 10), Давид Силва (Ман.Сити, 13) – Кристијано Роналдо (Реал, 10), Лионел Меси (Барселона, 15), Самуел Ето (Анжи, 20).
Португалските медиуми се позанимаваа со формирање на еден интересен фудбалски тим.