Сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се појави на прослава во Пјонгјанг организирана по повод тестирањето на хидрогенската бомба.Со оглед на тоа дека ретко може да се види покрај нејзиниот сопруг, 27-гоишната Ри Сол Џу ја изненади јавноста.
Ким и Ри ракоплескаа заедно со публиката на изведувачите кои танцуваа и пееја патриотски песни на прославата.
Последен пат Ри беше видена во јавноста во декември, 2016 година и се шпекулираше дека е бремена со трето дете, па затоа не се појавува на јавни настани.
Свеченоста се поклопи со 69-годишнината од основањето на владата на Северна Кореја.
Ким е трета генерација на династијата што ја води Северна Кореја, но многу малку се знае за „првото семејство“, вклучувајќи ги точните датуми на раѓање и венчавање.
Првата дама наводно потекнува од обично семејство, татко ѝ е факултетски образован, а мајка ѝ е докторка.
Ри наводно се омажила за Ким во 2009 година, а веќе следната година го родила првото дете. Второто дете им се родило во 2012 година.Со оглед на тоа дека ретко може да се види покрај нејзиниот сопруг, 27-гоишната Ри Сол Џу ја изненади јавноста.
Ким и Ри ракоплескаа заедно