Погледнете како точно кокаинот го менува телото!

Сите имаат слушнато колку штетна е дрогата за човековото здравје. Во посебна статија објавена во британското издание „Daily Mail„, проф. Џон Хенри од болницата „Сент Мери“ во Лондон опишува како точно кокаинот го менува телото.Ментални проблеми
Иако кокаинот се користи поради еуфоријата која ја предизвикува, кај луѓето кои редовно земаат поголеми дози се набљудуваат краткорочни напади на неконтролирано однесување, нарушена концентрација и импулсивно однесување. Кај некои се појавуваат халуцинации и чувство дека некој ги набљудува.
Конвулзии и мускулни спазми
При честа употреба на хероин можат да се набљудуваат и мускулни спазми и конвулзии (грчеви). Може да дојде до кома или до бубрежна инсуфициенција.
Нос
Бидејќи кокаинот се вдишува во ноздрите, тој може да предизвика контракција на крвните садови во носот и кога малку по употреба тие повторно се прошират, носот може да се затне. Честата употреба на кокаин води до намалување на протокот на крв во носната преграда (ѕидот што ги дели ноздрите) и може сериозно да ја оштети.
Црн дроб
Употребата на кокаин често е придружена со употреба на алкохол, бидејќи тоа практично го засилува чувството и го продолжува нејзиното дејство. Тоа го зголемува ризикот од смрт цели 18 пати во споредба со ситуации во кои кокаинот се употребува самостојно.
Болка во градите
Една од најчестите причини поради кои се бара итно лекување, е намалувањето на крвните садови во коронарните артерии и остатокот од телотото. Тоа го лишува срцето од нормална циркулација и го зголемува ризикот од појава на аритмија, па и дури од инфаркт.
Крвен притисок
Употребата на кокаин води до нагло зголемување на крвниот притисок.
Мозок
Редовната употреба на кокаин може да доведе до мозочна аневризма, која може да пукне и да го загрози животот или да нанесе сериозни штети на мозокот.
Срце
Редовната употреба на кокаин може да доведе до покачување на холестеролот и практично да направи така што 30-годишен човек, кој често се дрогира, да има крвни садови на 60-годишен човек.Ментални проблеми
Иако кокаинот се користи поради еуфоријата која ја предизвикува, кај луѓето кои редовно земаат поголеми

Пронајдете не на следниве мрежи: