Погледнете каков одговор доби оваа девојка откако на социјалните мрежи си побара богат маж

Многу девојки уште од мали се подучуваат дека треба да се омажат за богат и успешен маж. Една 25-годишна девојка од Њујорк сериозно си ја сфатила таа работа. Таа на социјалните мрежи побарала маж кој заработува по 500 000 долари месечно, но не ни можете да замислите каков одговор добила од еден локален моќен бизнисмен.Подолу прочитајте го огласот кој девојката го објавила, претставувајќи се како „г-гица Убавка“, а на следната страница може да го прочитате одговорот на нејзиниот оглас од страна на тајкунот од Волстрит.
„Ќе бидам искрена со сите вас тука. Наскоро полнам 25 години. Многу сум убава и имам стил и одличен вкус. Сакам да се омажам со човек кој месечно заработува по 500 000 долари или повеќе. Ќе си речете алчна сум, но месечна плата под 1 милион долари во Њујорк се смета за одлика на средната класа.
Моите барања не се високи. Дали некој на мрежава заработува над 500 000 месечно? Дали сите сте венчани? Сакам да знам што треба да направам за да се омажам со некој од вас?
Последниот маж со кој се гледав имаше месечна плата од 250 000 долари, но да бидеме реални, со толкава плата не можете да си дозволите да живеете во луксузните квартови на Њујорк.
Затоа сум овде скромно да поставам само неколку прашања:
1.Каде најчесто богатите ергени излегуваат?
2.Кон која возрасна група да целам?
3.Зошто вашите жени изгледаат како обични граѓанки на Њујорк?
4.Која може да ви биде вистинска жена, а која само девојка?
Благодарам,
г-гица Убавка“

 
„Драга г-гице Убавка
Со голем интерес и внимание го читав твојот оглас. Изгледа многу девојки како тебе ги мачат овие прашања. Дозволи ми да ти одговорам на истите како еден професионален инвеститор. Мојата месечна плата е над 500 000, па така го исполнувам твојот критериум, но сепак не би се оженил со тебе. Дозволи ми да образложам зошто.
Ти нудиш убавина во замена за пари. Личност А ја дава убавината, а личност Б плаќа за истата. Е сега, тука се јавува еден огромен проблем. Моите приходи јас ќе ги имам до крајот на животот, но твојата убавина нема да биде вечна. Ако моите приходи со текот на годините се зголемуваат, ти нема да стануваш поубава. И според економските логики и правила, твојата вредност за 10тина години драстично ќе опадне.
Според регулативите на Волстрит, врската со тебе би биал еден вид тргување. Ако трговската вредност на нешто опаѓа, ние го продаваме. Истото ќе се случи и со бракот со тебе. Можеби малку грубо ќе се изразам, но за да се направи паметна одлука, мораме да се ослободиме од секое материјално добро чија вредност се намалува.
И престани да се залажуваш. Човек кој заработува по 500 000 долари месечно не е будала. Ние само би се среќавале, но никогаш не би се ожениле со тебе. Би те посоветувал да престанеш да трагаш по богат маж со кој би се омажила. Повеќе шанси имаш сама да отпочнеш твој бизнис и да заработуваш по 500 000 долари месечно отколку да најдеш богата будалетинка која ќе те земе за жена.
Се надевам многу ти помогнав.
Џ. П. Морган“Подолу прочитајте го огласот кој девојката го објавила, претставувајќи се како „г-гица Убавка“, а на следната страница

Пронајдете не на следниве мрежи: