сабота, 28 ноември 2026
Најново

Погледнете какво време не очекува во последниот ден од годината!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Во претпладневните часови се уште не е исклучено наместа да провејува слаб снег, а ветерот постепено ќе ја намалува брзината. Долж Повардарието се уште ќе дува умерен повремено засилен ветер во претпладневните часови, а попладне и навечер брзината ќе се намалува.Утринската температура ќе се движи од минус 10 до нула, а дневната од минус два до пет степени.
Во Скопје, времето претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до три степени.
За време на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро и студено време со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минус 10 до минус два степена.
Во недела ќе преовладува сончево време со студено утро. Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус четири, а дневната од два до осум степени.
Слични температури се очекуваат и во понеделник кога утринската ќе се движи од минус 13 до минус пет, додека дневната од три до девет степени. Во понеделник и во вторник ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а преодно наоблачување со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег ќе има во среда. Утринската и дневната температура ќе биде во благо покачување.Утринската температура ќе се движи од минус 10 до нула, а дневната од минус два до пет степени.
Во Скопје, времето претпладне ќе биде умере

Поврзани вести