Погледнете колкави ТРЕПКИ има овој маж: Вели дека почнале нагло да растат бидејќи јадел…

Украинецот кој има неверојатно долги трепки, може да го најде своето место во книгата на светски рекорди, како човек со најдолги трепки. Но за сега е прв само на Стариот континент…Valery Smagliy (58) од Киев го чека официјалното мерење, a потоа конечно има намера да ги скрати трепките. Тој вели дека промените во исхраната, вклучувајќи одредени видови на храна, го предизвикале бизарниот раст на трепките. Но, не сака да ја открие тајната за кој вид на храна се работи.
– Почнав да јадам нешто и забележав дека моите трепки многу брзо растат. Размислувам тоа да го ставам на пазарот, па засега не сакам да откријам за што се работи.
Вели дека откако трепките нагло му пораснале, забележал дека добил големо внимание и многубројни пофалби од жените, а повеќето од нив биле и љубоморни на неговите долги, природни трепки.
Исто така, вели дека го застанувале мажи и го прашувале дали е луд.

 

– Ниту мажите ниту жените не обрнуваат внимание на она што го зборувам, воглавно гледаат во моите трепки. Жените на улица ме застануваат и ме прашуваат во што е тајната, бидејќи гледаат дека е природни, а не лажни. Но, да бидам искрен, овие трепки сега се многу тешки и моите капаци се воспалени. Исто така многу е тешко да гледате кога имате толкави трепки.
Вели дека веројатно го држи континенталниот рекорд, а најдолгите трепки на светот се измерени во САД. Stuart Mueller го држи рекордот со 6,99 cm.
– Мислам дека можам да го срушам светскиот рекорд, но што е поентата? Повеќе би сакал поубаво да гледам, па планирам да ги намалам во професионален салон. Valery Smagliy (58) од Киев го чека официјалното мерење, a потоа конечно има намера да ги скрати трепките. Тој вели дека промените во исхраната, вк

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.