Погледнете колку ќе чини ѕидот на САД кон Мексико

Ѕидот што го предлага американскиот претседател Доналд Трамп на границата кон Мексико е исклучително скап проект. Ѕидот треба да спречи незаконско навлегување од Мексико.Сега од 3.200 километарската граница меѓу двете држави, 1.050 се веќе преградени со заштитна ограда која спречува луѓе и возила да преминат од едната во другата држава.
Трамп рече дека новиот ѕид ќе чини меѓу 4 милијарди и 10 милијарди долари.
Според архитекти и инженери, проектот ќе биде доста поскап.
Од Универзитетот во Масчусетс наведуваат дека изградба на ѕид долг 1.609 км ќе чини меѓу 27 и 40 милијарди долари. Засега Мекдико категорично отфрла финансирање на таков проект.
Американски медиуми јавуваат дека ѕидот треба – теоретски – да биде изграден од бетонски блокови засилени со челични потропи и зациментирани во земја доволно длабоко за да не може да се копаат тунели одоздола.
За време на предизборната кампања, Трамп рече дека за да биде поубав ѕидот може врз него да биде нацртан неговиот лик.
Изградбата на ѕидот може да има проблеми поради реката Рио Гранде и од закон што забранува градење на каков било објект што може да попречи на распределувањето на водните ресурси. Ѕидот би требало да мине низ реони со приватни поседи и тоа може да доведе до долги судски процеси за обештетување како и можни несогласувања на локално ниво, јавуваат американски медиуми.Сега од 3.200 километарската граница меѓу двете држави, 1.050 се веќе преградени со заштитна ограда која спречува луѓе и возила да преминат од една

Пронајдете не на следниве мрежи: