Погледнете: Откриен Грчки план за исчезнување на Македонија!

И натаму е  во сила грчката одбранбена стратегија за влегување во Македонија во 37 км длабина во случај на дестабилизација. Најблиску до таква можност бевме во 2001 година. Интересно, тогаш се разви голема блискост помеѓу Ахмети и Дора Бакојани. На страната на УЧК се бореа и типови како Кољо Дијамантот. Бугарија се нудеше да нé ослободи, а Грција ширум ги отвори границите за масовно бегство на Халкидики.Времето не и е сојузник на самодоволната грчка државна политика. Во почетокот сме на деконструкција на нејзиниот митолошки профил. Последнава година, преку илјадници страници анализи, новинарски текстови, политички изјави се гледа дека добар дел од светот влегол во фаза на демистификација на грчкиот политички феномен. За оваа работа се свесни и новите грчки политичари во владата на Јорго Папандреу. 
Но и искомпромитираната и обесчестена Нова демократија. Тие се трудат со козметички пилинг да го претстават своето модерно лице, а сепак да не гибнат во суштината на својата политика, што им е семејно наследство. Има такви, особено во Брисел, што се подготвени повторно да се заљубат во старо-новата Атина, само што еднаш демиситфициран идол или паднат мит никогаш повторно не бидува обновен. Владата на Папандреу, на пример, се обидува да му го претстави на светот новото грчко лице со стари испробани финти, па продолжува со слаткоречивата кооперативност пред камери, а со дела ја покажува арогантната природа на грчката надворешна политика. Друцас на својата блискоисточна турнеја ја заобиколува Сирија за да ја казни за признавањето на Македонија со уставното име. И грчката опозиција се „ресетира“ така што се ослободува од искомпромитираните екслидери како што е Константин Мицотакис, кого неговиот наследник и близок партнер Андонис Самарас и буквално го исфрли од партијата. Но новата Нова демократија е истата стара шовинистичка партија со истиот екстремен лидер. Како што и ПАСОК на синот Јорго ја води истата шовинистичка политика на татко му Андреас во поглед на Македонија и Македонците. „Добар сосед“За нас е исклучително важно да се позанимаваме со причините зошто Мицотакис, таткото на Дора Бакојани, е исфрлен како партал од својата партија. Поточно, зошто токму сега и зошто на овој чекор се решил токму грчкиот екстремен шовинист и милитант Андонис Самарас, кој од 1991 му беше најверен соработник. Такис Михас е автор на сјајната анализа „Нечестива алијанса“ во која се говори за вплетканоста на официјална Грција во војните што се водеа на тлото на некогашната СФРЈ. Во неа има голем број докази што водат кон заклучокот дека грчките политичари од десницата и левицата всушност имале цел преку новите Балкански војни да се дојде до конечно преуредување на Балканот. Македонија, разбирливо, имала централно место во ова замешателство на една држава што е членка на ЕУ и НАТО. Нашата дилема ќе биде не дали, туку, кој во Брисел, колку и зошто ја толерирал и спроведувал грчката политика на Балканот, која за нас има сериозни импликации.Михас вели дека „не е претерано ако се каже дека грчката надворешна политика во првата половина на деведесеттите години од минатиот век, единствено се занимавала со Македонија“. Навидум аргументацијата со која настапувала пред своите партнери била свртена кон употребата на симболите, на знамето, историјата и името на државата. Се тврдело дека Грција би била и добар сосед и одличен пријател и партнер „само“ ако се натера „новата држава“ да се откаже од приграбување на она што е грчко историско наследство. „Сепак, вистината е покомплицирана. Постои сé поголем куп на докази што наведуваат на заклучок дека влијателни политички сили во Грција во раните 1990-ти гледаа во своите македонски соседи многу повеќе отколку промена на име. Вистинската цел на некои инстанци било дестабилизација и исчезнување на младата држава“, вели Михас. Проверувајќи ги грчките официјални документи тој утврдил дека „грчките политичари инсистирале на промена на името, иако биле свесни оти тоа значи откажување од најважниот симбол на колективниот идентитет на мнозинското население и како такво, барањето не можело да биде исполнето од македонските политичари“. Ова било истакнато и во излагањето на Никос Музелис, професор на Лондонската школа за економија. „Се чудам каков вид дијалог има грчката страна на ум кога одбива да преговара за централното прашање (името)“. 

Неодржлива државаЗначи, зошто тогаш била повлечена онаа црвена линија што и денес ја опструира Македонија? „Истакнувањето на ова грчко барање, всушност цели да ја спречи секоја можност Грција кога било да ја признае Република Македонија“, тврдел грчкиот пратеник во ЕУ-парламентот, Павлос Сарлис. 
Во суштина, се работело за тактика што требало да доведе до распад на државата Македонија така што го отвора патот на странска интервенција за која нема да се презема никаква одговорност. Михас наведува два круцијални документи во прилог на овој заклучок. Првиот е писмото што претседателот Константин Караманлис на 26 февруари 1992 година му го испраќа на министерот за надворешни работи на Грција, од кого бара да се нагласува грчкиот аргумент дека непостојната македонска држава е „неодржлива“. Што значи дека е осудена да се распадне или да исчезне. А второто е писмото, кое Самарас во својство на министер на надворешни работи, на 27 август 1991 година го упатил до своите колеги во ЕУ во кое вели: „Внимателен набљудувач може лесно да увиди дека независна македонска држава е тешкоодржлива. Економски, без излез на море, нема материјална основа за опстанок, етнички, со повеќе од една третина албанско етничко население и уште повеќе, етничкото потекло на нејзините словенски жители е причина за недоразбирања. Тие моментално се именуваат како „Македонци“, но Бугарите и во помал обем Србите, декларираат дека тие се нивни“. Овие „аргументи“ на Самарас очигледно биле прифатени од неговите европски колеги, за што сведочат Лисабонската декларација од 1992 година, Лондонската конференција за СФРЈ, одбивањето на ЕУ да ги прифати заклучоците на Бадентеровата комисија за Македонија, префрлањето на проблемот со името во ООН како безбедносно прашање, толерирањето на грчките ембарга и блокади, вклучувајќи го и ветото, а сега дознаваме дури и замижување пред налетите на дестабилизација на Македонија, спонзорирани од Грција. Она што нас треба да нé вознемири е фактот дека оваа грчка политика има „неутрални поклоници“ и во Македонија, кои и денес тврдат дека ако не влезе во НАТО, Македонија ќе се распадне, дека ако не влеземе во НАТО на следниот самит, Македонија ќе станела меѓународен протекторат, а Албанците ќе се отцепат и сл. За авторот на анализата токму овие два документи се подлога за тезата дека една членка на НАТО и ЕУ фактички работела на создавање на бланко-позиција за надворешна интервенција врз Македонија. Кога државата е неодржлива, ако е осудена на пропаст, тогаш надворешна интервенција не значи дестабилизација туку забрзување на процесот на предодредена културна и историска стабилизација. Со други зборови, вели тој „надворешна интервенција врз неодржлива држава попрво би била видена како акт на асистенција при самоубиство отколку како незаконско убиство“.

Кантони и фази Охрабрени од индиферентниот па дури и непријателски однос на ЕУ кон македонската независност (за разлика од Словенија и Хрватска), грчките политичари прешле на втората фаза. Почнале да го разработуваат планот што на Мицотакис и Самарас им го предложил Слободан Милошевиќ. Се работи за кантонизација и поделба на македонскиот државен провизориум со карта што ја исцртале грчко-српските картографи со асистенција и на другите два македонски соседи. Гледајќи ја, можете лесно да ги откриете корените на случајот „Паравојска“ од 1993 година и референдумот за „Илирида“. Ќе го сретнете патем и Вранишковски со ПОА, Али Ахмети со „ослободувањето на Скопје и Тетово“. Ќе ги видите и идеите за Групчин, за размена на население и територии, за константното негирање или проблематизирање на македонскиот идентитет од политичари во Македонија, но и бугарските прсти во „струмичкиот“ и грчките во „монастирскиот“ кантон. Особено е интересно совпаѓањето на масовната лицитација со бројноста на етничките групи во првата половина на деведесеттите со грчкиот кантонален план што упатува на темелна агентурска работа во Македонија.Паралелно со ова, Македонија, која излегува на меѓународна сцена без банка во државната каса, ја дочекува необјавено грчко трговско ембарго, кое подоцна беше официјализирано. И на оваа активност Брисел не реагираше. Напротив, прифаќајќи ги грчките аргументи, а во светлото на својот историски континуитет во врска со македонското прашање, бара од Македонија да се преименува. Ова подоцна го потврди Лорд Овен, кој мислел дека со грчкото ембарго и санкциите што моравме да ги спроведуваме кон СРЈ, Македонија ќе пропадне за само три месеци. Не реагираше ни ООН, ни Советот за безбедност, заради што дури при годинашниот настап на Иванов на заседанието на ООН, кој на светот му ги откри тешкотиите низ кои минувала државата заради грчката политика, многу претставници на држави се исчудувале зошто никогаш не слушнале ни збор за македонската голгота. Тоа, како и признавањето од страна на Сирија, го натера Папандреу да се врати во Њујорк за да ја амортизира штетата. Особено е интригантно што во гланцањето на извалканата грчка слика најактивни и во овој случај беа македонските „експерти“ што го омаловажуваа и настапот на шефот на државата Македонија и признавањето од страна на Сирија.Грчки визи Дали Грција се откажала од својата намера да ја упокои Македонија? Очигледно не. И натаму е во сила грчката одбранбена стратегија за влегување во Македонија во 37 км длабина во случај на дестабилизација што своевремено ја обелодени Грилакис додека им разнесуваше данајски дарови на нашите раководители. Најблиску до таква можност бевме во 2001 година. Интересно, тогаш се разви голема блискост помеѓу Ахмети и Дора Бакојани. На страната на УЧК се бореа и типови како Кољо Дијамантот. Бугарија се нудеше да нé ослободи, а Грција ширум ги отвори границите за масовно бегство на Халкидики. Службеникот, тогаш задолжен за односи со јавноста при грчката канцеларија за врски во Македонија, иронизираше дека „толкав број апликанти за грчки визи, демек, избегани Македонци, немале видено од Балканските војни“. Само што оние што избегаа во Грција не беа голорак народ, туку претставници на македонската елита. Случајна случајност или што и да е, чудно е дека „бегалците“ се истите што одеднаш, од 2008 година до денес, најотворено ја застапуваат грчката политичка доктрина сврзана со Македонија. Многу ќе биде во овој контекст да дознаеме (и тоа брзо ќе се случи при деконструкцијата на грчкиот мит) кој е вистинскиот творец и кој ја плаќаше кампањата за „антиквизација“ што ја одработуваа во Македонија разни активисти, НВО, експерти, партии и медиуми со евроатлантски заштитен предзнак. 

 
 
КАТАКЛИЗМА
Во меморандумот на грчкото МНР се наведува дека „прогласувањето на независност од страна на Македонија ќе има катаклизмички последици за Балканот. Бугарија веќе објави дека ќе ја признае независната македонска држава, во очекување дека жителите што сега се именуваат како Македонци одново ќе ги откријат своите бугарски корени. Која било бугарска иницијатива на тоа поле ќе предизвика тврд одговор не само од тврдокорните (дие хард) славомакедонски националисти туку и од Србите“.
КЛЕШТАТА НА САМАРАС
 Во 1992 година Андонис Самарас претставил грчко-српски план за дестабилизација на Македонија. Планот наречен „Самарасова клешта“ имал два стратегиски потези. Првиот бил економски притисок, преку воведување трговско ембарго што требало да предизвика социјални безредија, а вториот бил воен притисок од страна на тогаш сé уште присутната ЈНА на тлото на Македонија.
 
Ембаргото тогаш не било официјализирано и на барањето инструкции од страна на префектот на Солун, Евангелос Цаитидис, Самарас со писмо од 3 -ти март 1992 година вели: „Овде ви давам писмено јасна инструкција да преземете и продолжите со сите расположиви средства да вршите економски притисок врз Скопје. Имајќи ги предвид иницијативите на ЕУ, нашето министерство смета дека не е добро сега официјално да се затвори границата“.
 
ЕМБАРГОТО ЌЕ ЈА ДЕСТАБИЛИЗИРА МАКЕДОНИЈА

На 17 март 1992 година Самарас му пишува на својот премиер Мицотакис: „Јасно е дека ембаргото ќе ги засили реакциите на луѓето во Скопје кон нивната влада и тоа ќе го мултиплицира феноменот на масовни демонстрации што ќе бидат организирани низ целата држава против некомпромисната позиција на нивната влада“.
 
И по дваесет години грчката влада ја има истата тактика кон Македонија. Уште чека Македонија внатрешно да се дестабилизира. Со други зборови, сé си е исто, само што „него“ и нив ги има, ама како да ги нема.
НАСЕЛЕНИЕ БЕЗ ДНК
„Преку инсистирањето на грчката политика да ја смести Македонија во друштво со БиХ и Косово, не само што се конструирала рамка за странска интервенција туку се пропишува и прецизно кој би требало да интервенира. Според грчката дипломатија, овие три региони претставуваат население што никогаш нема да го има благословот на државотворни народи заради отсуство на општествена ДНК“.
ПРОИЗВОДСТВО НА ГРЦИ ВО МАКЕДОНИЈА
Бргу по средбата на Самарас со Милошевиќ, грчката влада излегува со „податок“ дека во Македонија постои големо грчко етничко малцинство што е репресирано. Строгодоверлив разузнавачки извештај од 10 мај 1991 година, кој божем протекол до медиумите, вели дека „239.360 Грци живеат во Македонија. Тоа се луѓе со чиста грчка национална свест, кои себе се сметаат за припадници на грчката раса, а не уживаат малцински права“. Грчката влада и официјално усвојува политика за заштита на грчкото малцинство. На 2 ноември истата година, заменик-министерот Виргинија Цудеру објавува дека во Македонија живеат 150.000 Власи со чиста грчка свест.
ГРЦИЈА И СРБИЈА ЌЕ СЕ ГРАНИЧАТ
Веднаш по средбата Милошевиќ – Самарас во Белград, каде што српскиот шеф по вечерата на својот гостин му ја покажал картата на Балканот со зборовите: „Погледни овде, во центарот на ФИРОМ и посебно во Тетово и околните делови гувеат над 150.000 Срби, а не 40.000 ако што објавува пописот“. „Дали мислите дека во одреден момент тие би се придвижиле на друга локација? Прашал Самарас. „Ќе се покренат. И не само тие туку и илјадници други Срби што живеат на север, ќе тргнат на југ, кон Скопје, кон грчката граница. Србија и Грција ќе имаат заедничка граница“, одговорил Милошевиќ.
Она што го забележал аналитичарот е дека Самарас не само што не ја одбил идејата туку се нафатил да му ја пренесе и елаборира на грчкиот премиер.
Автор: Мирка Велиновска
Извор: Нова МакедонијаВремето не и е сојузник на самодоволната грчка државна политика. Во почетокот сме на деконструкција на нејзиниот митол

Пронајдете не на следниве мрежи: