Погледнете што се можете да направите со детската пудра во прав

Денешниот начин на живот им наложува на жените да најдат алтернативен начин да си го олеснат животот. Во продолжение ви нудиме неколку практични начини со кои можете да ја искористите детската пудра во прав.Ја спречува иритацијата на кожата
Нанесете ја пудрата во прав од внатрешната страна на бедрата за да ја спречите иритацијата од триењето на нозете.
Го отстранува мирисот од чевлите
Ставете ја пудрата во внатрешноста на чевлите и оставете ја преку ноќ да стои така. Пудрата ќе ги впие непријатните мириси и без проблем повторно ќе можете да си ги носите омилените чевли.
Ги истакнува трепките
Ова е еден едноставен трик: ставете малку од пудрата во прав на трепките и дури потоа нанесете маскара. Трепките ќе добијат густ изглед.
Впивање на маснотијата
Нанесете малку пудра во прав на местото каде што имате дамка од маснотија и со тоа на полесен начин ќе ја отстраните подоцна.
Нега на домашните миленици
Бањањето на домашните миленици во зимскиот период знае да претставува голем проблем. Затоа најдобро би било да им нанесете од пудрата во прав. Така тие ќе мирисаат убаво, а нивното бањање ќе го одложите до започнувањето на потоплите денови од годината.

 
Заштита на книгите
Детската пудра ќе ја впие влагата и ќе ги заштити книгите од прашината.
Намалување на болката од депилација
Препорачливо е да се нанесе детска пудра пред депилацијата, со цел да се создаде дополнителен слој на заштита од врелиот восок. Пробајте!
Замена за дезодоранси
Доколку имате проблеми со потењето и непријатниот мирис, најдобро би било да нанесете дел од детската пудра под пазувите. Со тоа ќе се впие потта и ќе се отстрани непријатната миризба.
Освежувач на просторот
Пробајте да ги измешате етеричните масла со детската пудра во прав. Ќе ви се допадне неодоливиот мирис кој ќе се рашири низ вашиот дом.Ја спречува иритацијата на кожата
Нанесете ја пудрата во прав од внатрешната страна на бедрата за да ја спречите иритација

Пронајдете не на следниве мрежи: