Погледнете во која земја мажите стануваат татковци и на 80 и на 90 години!

Земја во која ракот се уште не е “измислен”, каде што сите имаат совршен вид, никој не добива чиреви и воспаленија или срцеви заболувања, а мажите стануваат татковци и на 80 и на 90 години. Се прашувате која е таа земја?Земјата на Хунзите е мала територија во планинските премини на северозападен Пакистан, на надморска височина од 6000 метри, во која нема криминал, даноци, општествен статус, генерациски јаз, банки ни продавници, а ни пари. 
Енергијата и долговечноста на Хунзите се должи најмногу на тоа што не го јадат, а не на тоа што го јадат.
Пред се, Хунзите не јадат многу. Просечното внесување на калории кај возрасните Хунзи е нешто повеќе од 1.900 калории – 50 грама протеини, 36 грама маснотии и 354 грама јаглеродни хидрати. И протеините и маснотиите се претежно од растително потекло, а јаглеродните хидрати се нерафинирани, комплексни, добиени од овошјето, зеленчукот и зрнестата храна. Хунзите не јадат готвена храна. Се што јадат е свежо и во својата природна солена форма, т.е. не додаваат сол во храната.

Единственото подготвување на храната се состои во сушење на овошјето на сонце и во правењето путер и сирење од млекото. Хунзите секојдневно пијат и големи количества “глечерско млеко”, свежа вода со млечна боја добиена со топење мраз од подножјето на глечерите и богата со флуор и со минерали. Во градините тие не користат пестициди ни вештачко ѓубриво. Всушност, користењето токсични пестициди е спротивно на законот на Хунзите. Тие ги прскаат градините и овоштарниците со природна мешавина од пепел и вода.
Со еден збор, Хунзите јадат како што живеат – органски.
Од целата органска храна што ја произведуваат, кајсиите им се најважни и омилени. Овоштарниците со кајсии може да се видат насекаде на нивната територија, а економската стабилност на семејствата се мери преку бројот на стеблата кајсии што ги поседуваат. Хунзите ги јадат кајсиите свежи кога им е сезона, а голем дел од нив ги сушат за зимата. Пирето од суви кајсии во текот на зимата го мешаат со снег и го јадат како сладолед. Исто како и слаткото, и сладоледот од кајсии нема потреба од шеќер поради благоста на овошјето. Не постои друго хранливо овошје како кајсиите. Кога се суви, концентрацијата на хранливите материи се зголемува. Грст суви кајсии (100 грама) содржи речиси 11.000 единици витамин А, што е двојно повеќе од дневната препорачана доза. Хунзите ги јадат секој ден.

 Сувите кајсии содржат големо количество железо, калиум и природни влакна. Покрај кајсиите, Хунзите одгледуваат и јаболка, круши, праски, цреши, вишни, црници и грозје. Од нив го добиваат потребниот витамин Ц, како и другите хранливи богатства од свежото овошје, како енергијата од овошниот шеќер. Хунзите ги користат и семките од кајсиите. Жените ги мелат семките во камени авани и потоа ги цедат за да го екстрахираат нивното масло. Маслото од кајсии се користи за готвење, како гориво и за лосион за лице. Овие семки имаат голема заштитна моќ што игра важна улога во извонредното здравје и долговечноста на Хунзите зашто ги содржат елементите познати како нитрилосиди, амигдалин или витамин Б 17. Нитрилосидите се нетоксични, се раствораат во вода и штитат од канцерогените заболувања, а може да се најдат во повеќе од 1.000 растенија.
Лебот што Хунзите го јадат со секој оброк е наречен “чапати”. Хунзите ја чуваат пченицата во зрна колку што може подолго и ја мелат пред подготовката на лебот. Жените мелат само онолку пченица колку што им е потребно дента, а брашното го мешаат само со вода, без квасец.
“Чапати” може да се прави од пченица, јачмен, хељда или од просо. Некогаш брашната се мешаат заедно и тестото се пече во различни форми, големи или мали, во зависност од пригодата. Карактеристично за “чапати” е што тестото сплескано како палачинка се пече само кусо време директно на плочата од шпоретот и е слична на мексиканското тако.
Дали после се ова сакате да живеете во оваа земја?Земјата на Хунзите е мала територија во планинските премини на северозападен Пакистан, на надморска височина од 6000 метри, во која нема криминал,

Пронајдете не на следниве мрежи: