Погоден е украински авион над Славјанск

Украинскиот авион An-30 е погоден од автоматско оружје над Славјанск. Русија е подготвена да се соочи со новите санкции од страна на Западот, порача Медведев. Бајден им порача на Украинците дека Вашингтон е со нив и ја предупреди Русија дека ќе следат и поостри санкции доколку Москва не ги повлече своите сили од границата. МИ6 е против испраќањето на трупи во Украина, додека Боб Дол изјави дека САД би требало да и испратат воена помош на Украина.Министерството за одбрана на Украина денеска соопшти дека непознати личности пукале од автоматско оружје на нивниот авион над Славјанск.
„Авионот го погодија неколку куршуми. Благодарејќи на нивната професионалност, воените пилоти без проблеми слетаа на аеродромот“, стои во соопштението на агенцијата Укринформ.
ОЕБС одлучи да го зголеми бројот на припадниците на мисијата за надгледување во Украина на 500 луѓе, за да ја осигура имплементацијата на договорот од Женева кој на 17 април го постигнаа шефовите на дипломатиите на Русија, САД, ЕУ и Украина.
Инаку, украинската државна гранична служба воспостави контролни пунктови на „линијата на административната граница“ помеѓу Херсонската област на југот од Украина и Крим, јавуваат агенциите.
Пет миноловци на НАТО испловија од германското пристаниште Кил на вежби во Балтичкото Море, во рамките на настојувањата на Атлантскиот сојуз да го зголеми своето присуство на европскиот исток, по повод загриженоста на тамошните членови поради ситуацијата во Украина.
Нешто подоцна, американскиот Стејт департмент објави слики од борци во источна Украина, за кои тврди дека се припадници на руските сили. На фотографиите се гледаат борци во униформи кои се слични на руските како мафтаат со руско оружје – ракетни фрлачи RPG-30, пренесува АР.Министерството за одбрана на Украина денеска соопшти дека непознати личности пукале од автоматско оружје на нивниот авион над Славјанск.
&b

Пронајдете не на следниве мрежи: