Раденко Поповиќ(31) од Нови Сад(Србија), убиен е во понеделникот, во два часот по полноќ, пред станот на својата трудна вереница. Автомобилот на убиецот бил пронајден запален на брегот на Дунав.Се претпоставува дека напаѓачот пред злосторството го повикал на мобилен телефон за да се најдат пред зградата.
-Слушнав пукање. Неколку истрели по ред. Потоа се слушнаа чекори, како некој бега. Излегов надвор и видов како вереницата го држи Раденко на раце. Лежеше целиот во крв, а таа плачеше. Повикав полиција и брза помош, но предоцна беше-раскажала сосетката.
Вереницата е во петтиот месец од бременоста. Ден пред убиството правеле веридба и биле пресреќни. Венчавката ја планирале во октомври.
За сега не се знае мотивот за убиството. Пред фризерскиот салон каде што е убиен, одтанала голема дамка од крв.
Убиениот работел како обезбедување во клубови. Сите што го познавале велат дека бил мирно момче кое не правело скандали. Во неговото полициско досие стоело дека имал проблеми со полицијата поради физичка пресметка.Се претпоставува дека напаѓачот пред злосторството го повикал на мобилен телефон за да се најдат пред зградата.