Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола продолжува со кампањата за систем капка по капка и реструктирање и пренасочување на некои култури во одделни региони низ државата.Од АПРЗ-Битола информираат дека кампањата е во полн ек и се очекува да заврши до крајот на месецов со што земјоделците и земјоделските стопанства во целост ќе бидат информирани за потребата од трансформација на конвенционалните системи на земјоделско производство кон поодржливи системи со примена на земјоделски техники базирани на претходната проценка на земјоделските карактеристики и животната средина.
Камапањата досега е реализирана низ директни средби во сите плански региони, а во Битолскиот регион ќе продолжи на 24 август со посета на селото Доленци и 25 август во селото Дедебалци каде се планирани средби со тамошните земјоделци.
– Системот капка по капка е еден од најефикасните начини за наводнување на растенијата и преку ваквиот начин на наводнување водата се искористува дури до 99 отсто, додека стресот во вегетативниот развој на растението се намалува на минимум. Предноста на овој начин на наводнување е во можноста за непречено и рамномерно наводнување на кореновиот систем на растението, но и можноста за апликација на ѓубрива во текот на целата сезона. При вакво наводнување растението добива оптимални услови за развој и дава максимални приноси, посочуваат од АПРЗ-Битола.
Промотивната кампања на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјодеството за систем капка по капка и реструктуирање и пренасочување на некои култури во одделни региони се одвива во Пелагонија, Преспа, Струмичко, Овче Поле, Скопско, Повардарие, односно во сите поголеми општини и во сите поголеми рурални населени места, а учествуваат преставници од МЗШВ, АФПЗРР и професори од земјоделските факултети.
Во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2017 година државата ќе вклучи мерка за финансиска поддршка за покривање на 80 отсто од трошоците за инвестиции за системот капка по капка и за копање на нови бунари во максимална вредност до 3.000 евра за сите потсектори.
– Интензивните системи на одгледување бараат големи количини на вода за наводнување. Но, како резултат на неправилно користење на водата во текот на дистрибуцијата и примената, речиси половина од оваа вода се троши, што преставува голема загуба. Со примената на новите европски директиви во текот на следните години се очекува цената на водата за наводнување постојано да расте. Покрај тоа, моделите на проценка за климатски промени предвидуваат дека во овој регион до 2050 година зимските врнежи од дожд ќе се намалат за 10 до 15 отсто, а за летниот период до 25 отсто. Ова намалување на врнежи се очекува да има значително влијание врз земјоделскиот сектор, што ќе го направат повеќе ранлив на хидролошките промени. Имајќи го предвид фактот дека земјоделскиот сектор претставува главна стопанска дејност во Македонија, потребно е воведување нови методи за наводнување со што ќе се оценува нивното влијание врз животната средина и земјоделството. Особено, потребите од вода за наводнување на растенијата треба да бидат прецизно проценувани врз основа на микроклиматските карактеристики, почвените карактеристики, дистрибуцијата на вода во кореновата зона на растенијата, податоците за хидродинамиката, се со цел да се оптимизира трошењето на водата преку ефикасен начин на наводнување, информираат од АПРЗ-Битола.
Оризот на експерименталното поле во кочанско со поставените системи капка по капка добро се развива, велат експертите. Резултатите треба да го дадат одговорот дали и кај нас, како и во други земји, оризот може да се наводнува со користењето на овие системи. Стручните лица се оптимисти и очекуваат поголем род.
Системите за наводнување капка по капка на експерименталното поле беа поставени веднаш по сеидбата на растенијата и според експертите одлично се развиваат и се очекуваат високи приноси со големи заштеди на вода и на репроматеријали.
Земјоделците секојдневно ќе добиваат совети за користењето на системот и за употребата на соодветните агротехнички мерки за заштита и за прихрана на посевите.
Светските искуства со примената на капка по капка во производството на оваа култура покажуваат дека приносите се поголеми за 40 проценти, се заштедува од 50 до 60 проценти вода, се намалува губитокот на ѓубривата и се заштитува животната средина.Од АПРЗ-Битола информираат дека кампањата е во полн ек и се очекува да заврши до крајот на месецов со што земјоделците и земјоделските стопанства в